Голема бела чапја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Голема бела чапја
Remove ads

Големата бела чапја позната и како голема чапја, обична чапја,[2][3][4] е голема, широко распространета чапја. Ја среќаваме во тропските и потоплите региони во светот, a во јужна Европа присуството е локализирано.

Кратки факти Голема бела чапја, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Thumb
Во лет

Големата чапја е со целосно бело перје. Високи се околу 1 m, односно од 80 до 104 см и имаат распон на крилата од 131 до 170 см.[5][6] Тежат од 700 до 1500 gr, или просечно 1 кг.[7] Тие се само малку помали од големата сина чапја или сивата чапја (A. cinerea). Освен по големината големата бела чапја се разликува од другите бели чапји со нејзиниот жолт клун и црни нозе и стапала, иако клунот може да стане потемен, а нозете посветли во време на парење. Во сезона на парење, нежни украсни пердуви се појавуваат на грбот. Мажјаците и женките се идентични во изгледот, а малечките се како возрасните вон сезона на парење.

Thumb
Скица со разликите меѓу големата бела чапја и средноголемата чапја.

Таа има бавен лет со згрчен врат. Ова е одлика на чапјите и биковите, што ги разликува од штрковите кои го истегнуваат вратот при летање. Големата бела чапја вообичаено е нема птица, но прави силни звуци со клунот „чук чук чук“.

Remove ads

Систематизација и таксономија

Големата бела чапја спаѓа во семејството на чапјите, традиционално класифицирајќи ја со штрковите во штрковидните, но нејзини поблиски роднини всушност ѝ се пеликаните од редот на пеликановидните.

Подвидови

Има четири подвида на различни места во светот со ситни разлики. Разликите се однесуваат на боите во сезоната на парење и на големината:

  • Ardea alba alba (Еврпа)
  • Ardea alba egretta (Америка)
  • Ardea alba melanorhynchos (Африка)
  • Ardea alba modesta (Индија, Југоисточна Азија, и Океанија)
Remove ads

Екологија и статус

Thumb
Родител во гнездо со три пилиња

Големата бела чапја е делумно птица-преселница, односно се сели од областите со постудени зими на југ. Живее во колонија на дрвја во близина на големи езера со трски или други мочурливи места. Гради цврсти високи гнезда.

Големата бела чапја генерално е многу успешен вид и иако кон крајот на 19 век во Америка биле убиени голем број чапји заради нивните украсни пердуви, со мерките за заштита, таа во голем број е обновена. Таа добро се приспособува во населените места и често може да се види во мочурливи и влажни места во приградските населби. Во 1953 година големата бела чапја во лет беше избрана за симбол на Националното Одбон друштво, за да се спречи убивањето птици заради нивните перја.[8][9]

Големата бела чапја е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водени птици (AEWA).

Исхрана

Thumb
Лов на риба

Големата бела чапја се храни во плитката вода со риби, жаби, мали цицачи, и многу ситни влекачи и инсекти, прободувајќи ги со долгиот и остар клун, стоејќи и чекајќи мирно додека пленот не наиде во дометот на нејзиниот остар клун кој го користи како стрела.

Thumb
Ardea alba melanorhynchos

Во културата

Големата бела чапја се наоѓа на банкнотата на 5 бразилски реали.

Симбол е на Националното Одбон друштво.[10]

Името на древниот Шарипутра, еден од следбениците на Буда значи син на чапјата (покрај другите варијанти), и се вели дека неговата мајка имала очи како големата бела чапја.[11]

Поврзано

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads