Вишни (село)

село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Вишни (село)map
Remove ads

Вишни — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Улица во селото Вишни

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.040 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 8 километри.[2]

До него се стигнува по магистралниот пат од Струга што води кон граничниот премин Ќафасан.

Се наоѓа на висорамнина, на која се наоѓаат следниве извори: Студенец, Извор, Чешма и други. Водата во селото се добива од изворот Извор. Најблиски села се: Горна Белица, Долна Белица и Заграчани.[3]

На Јабланица, западно од селото, се наоѓаат следниве месности: Изгорејнци, Папрадиште, Костов кутел, Мечкина дупка, Јаорје, Загончиња, Гара, Чешма, Дупки, Мартинов кутел, Пожарје, Дубурлој нивје, Беличка река, Село Влас, Бабуш, Свети Никола, Сушица (река), Св. Врача, Св. Климент, Св. Петка, Св. Недела, Ровиње, Варвалец, Клепуш, Крајница, Маркова страна, Душман, Самарница, Чекуље, Студенец, Леска, Стари куќи, Меризиште, Извор, Коритничиња, Орашец, Св. Спас, Виништа и Гулабарница.[3]

Вишни има збиен тип, а одредени делови од селото се нарекуваат по родови, како: Митревци, Јанковци, Волчевци, Ѓорговци и други.[3]

Remove ads

Историја

Thumb
Куќа од камен со убава архитектура во Вишни
Thumb
Куќа на која се гледа оштетување од големи снегови во Вишни

Селото Вишни спаѓа во постарите села во Струшко. Околу селото се наоѓаат разни остатоци на старини, како што е Градиште, северно од селото. Околу селото се наоѓаат и свети места, како „Св. Спас“, „Св. Петка“, „Св. Климент“, „Св. Никола“ и „Св. Врача“.[3]

Денешното село потекнува од крајот на XVIII век. Како што се верува, тоа било изградено од малобројни словенски и влашки жители, кои дошле од подрачјето на соседна Албанија. Од основањето до крајот на Втората светска војна, селото било мешано. Власите имале околу 10 домаќинства и никогаш немало мешани бракови.[3]

Друга легенда вели дека селото било изградено кога Османлиите владееле во Македонија. На местото на денешното село, тогаш немало ништо. Преданието вели дека кога жителите на Радожда бегале од зулумот на башибозукот и на турскиот аскер, се криеле во планината. Таму почнале да градат куќарки и го направиле Вишни. Кога селаните ќе ги прашал некој каде живеат, кусо одговарале - на висон, на високо, на вишнине. Од таму доаѓа името Вишни и не е поврзано со овошје.

Во XIX век, Вишни било село во рамките на Струшката нахија, на Охридската каза на Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 20,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.052,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 767,3 хектари, а на обработливото земјиште само 159,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Селото има голем потенцијал за сточарство, додека условите за полјоделство се скромни, поради што во селото отсекогаш постоело печалбарството.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година, селото имало 160 домаќинства и 464 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Вишни имало 620 жители, од кои 600 жители Македонци христијани и 20 Албанци муслимани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вишни имало 640 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 50 Власи.[7]

Од Вишни се иселил голем број на населението. Така, во 1961 година селото броело 574 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на само 25 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Вишни живееле 14 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 47 жители, од кои 46 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Во селото живее христијанско македонско население. Народното предание наведува дека се доселени како 5-6 домаќинства од територија на запад, денес во Албанија. Куќна слава на сите нив им била Петковден и најверојатно сите потекнуваат од селото Кокрево во Албанија.[3]

Родови се: Јанковци (4 к.); Митревци (3 к.); Ѓорговци (3 к.); Волчевци (3 к.); Трајкоски (2 к.); Шапевци (2 к.); Кумаровци (2 к.); Прлески (2 к.); Јанковци (2 к.); Караушовци (2 к.); Таштановци (2 к.); Петковци (1 к.); Брковци (1 к.); Николовци (1 к.); Тодоровци (1 к.) и Лечевци (1 к.). Волчевци и Трајковци потекнуваат од ист предок. Во Караушовци се знае следнава генеалогија: Танајл (жив на 68 г. во 1977 година)-Божин-Цветко-Ристо. Во родот Трајкоски се знае следнава генеалогија: Никола (жив на 68 г. во 1977 година)-Сандре-Никола I-Никола II.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед кон месната заедница на селото
  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Струга.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радолишта, во која покрај селото Вишни, се наоѓале и селата Заграчани, Калишта, Мало Блан, Радожда, Радолишта, Франгово и Шум. Во периодот 1950-1952 година, селото Вишни било седиште на некогашната општина Вишни, во која влегувале селата Вишни и Горна Белица.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 1885 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште, кое ги опфаќа селата Вишни и Горна Белица.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[14] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Цркви[16]
  • Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта;
  • Црква „Св. Никола“ — камен-темелник осветен и поставен на 7 август 1999 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј;
  • Црква „Св. Климент“ — помала црква во селото;
  • Црква „Св. Недела“ — помала црква во селото;
  • Црква „Св. Спас“ — пештерна црква од големо значење; и
  • Црква „Св. Петка“ — камен-темелник осветен и поставен на 29 јули 2006 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а осветена е на 28 јули 2007 година, со благослов на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[17]
Споменици
  • Спомен-чешма и спомен-плоча за НОБ

Вишненски извори

Во близина на селото се наоѓаат познатите Вишненски извори.

Remove ads

Редовни настани

Во селото се празнуваат следниве настани:

  • Атанасовден (летен) — селска слава; и
  • Спасовден — селска слава, на која жителите на селото ги пренесуваат моштите на Свети Спасица Вишненска во дрвено ковчеже од главната селска црква „Св. Атанасиј“ во пештерната црква „Св. Спас“. Стариот обичај навестува ова пренесување да биде направено од девојка.[18]

Личности

Родени во Вишни
  • Атанас Георгиев — македонско-одрински доброволец;[19]
  • Мишо Георгиев — ајдутин, подоцна деец на ВМОРО;[20][21][22]
  • Павле Митрески (р. 1922) — историчар; и
  • Ристо Тодороски (1950-2017) — новинар.

Учесници во НОБ, и жртви на фашистичкиот терор[23]

  • Борис Јаким Волчески — македонски партизан, загинат во НОБ.
  • Љубе Крстан Симоноски — македонски партизан, загинат во НОБ.
  • Никола Ристо Цветкоски
  • Кристина Волческа — учесник во НОВ на Македонија
Починати во Вишни

Иселеништво

По Втората светска војна, селото било зафатено со силно иселување на населението. Иселеници живеат во Белград (во Раковица околу 70 к.), Струга, Охрид и Битола. Има и целосно иселени родови, како што се Трповци, Лазарeвци, Линкиновци, Таневци, Марковци и други.[3]

Голем дел од населението на селото е иселено и во Европа и Америка.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads