Горна Лешница
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горна Лешница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, во селото имало 189 жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Горна Лешница се наоѓа во Долни Полог. Селото лежи на западните падини на Сува Гора. Во близина на селото се Долна Лешница, Ларце и Добарце.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 190 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 36 куќи со 226 жители Албанци.[3]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 189 жители, од кои 1 Македонец и 188 Албанци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 114 жители, од кои 104 Албанци и 10 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2111 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 205 гласачи.[12]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads