Долна Лешница
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долна Лешница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е дел од регионот Долни Полог. Долна Лешница се наоѓа на западните падини на Сува Гора. Во близина на селото се наоѓаат Горна Лешница, Добарце и Ларце.
Историја
Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долна Лешница живееле 225 жители, од кои 145 Албанци, 55 Македонци и 25 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долна Лешница имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото е дел од Желинска општина и имало 17 куќи и 144 жители, Македонци и Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Албанци.[5]
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 625 жители, од кои 615 Албанци и 10 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 430 жители, од кои 415 Албанци и 15 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Родови
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Македонски
- Дамјановци (4 к.) потекнуваат од основачот на родот Дамјан кој се доселил од Прилепско. Го знаат следното родословие: Сатир (жив на 76 г. во 1947 година) Ристе-Наум-Трипун-Дамјан, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство).
- Кузмановци (5 к.) доселени се од Порече (од Сушица или Брезница). Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 67 г. во 1947 година) Павле-Стојан-Кузман, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (Мисо Стојановски) и (Смиљаноски), Брвеница (Тасески), Јегуновце (Пепелкои) и во Туденце (Гале).
- Аврамовци или Грци (6 к.) доселени се од некое место во Егејска Македонија. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства).
- Призренци (4 к.) потекнуваат од селото Драјчиќи во Средска, Косово. Од таму се иселиле во Тетово, па во 1913 година се населиле во селото Долна Лешница. Нивното потекло е српско, но измешани се со македонското население во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Сиричино.
Албански
- Чурнак (13 к.) први муслимански доселеници. Доселени се од северна Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 65 г. во 1947 година) Мерсел-Џелил-Исен, основачот на родот. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Драве (6 к.) доселени се од селото Желино. Подалечно потекло од северна Албанија.
- Габер (1 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (таму изумреле) и во Порој.[9]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2112 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 633 гласачи.[11]
Општествени установи
Селската џамија била изградена на почетокот на XX век и тоа првобитно веднаш до тогаш разрушената црква „Св. Никола“. Кога во 1925 година, македонското население повторно ги откопало темелите на разрушената црква и на истото место ја обновиле, Албанците веднаш ја срушиле џамијата и изградиле нова, но овој пат во нивното маало.[12]
- Цркви[13]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, реновирана во 2012.[14][15]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads