Горна Маала
село во Валандовско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горна Маала — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Селото до 2014 година се водело како маало на селото Јосифово, но со измени во Законот за територијална организација било прогласено за самостојна населба.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужното подножје на планината Плавуш, северозападно од гратчето Валандово. Сместено е северно од Јосифово, а северозападно од Калково.
Историја
Селото е прогласено за самостојна населба во 2014 година,[2] а дототаш било едно од двете маала на Јосифово.
Стопанство
Селото нема сопствен атар и припаѓа во атарот на селото Јосифово, иако било прогласено за самостојна населба.
Население
За селото нема никакви податоци за движење на населението, бидејќи до 2014 година се водело како дел од селото Јосифово. Дури и по прогласувањето како посебно село, не било издвоено со своја катастарска општина, поради што не било земено в предвид при најновиот попис на населението во 2021 година.
Самоуправа и политика
Бидејќи до 2014 година припаѓало на селото Јосифово, ја дели неговата административна поделба.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0289 според Државната изборна комисија, сместено во продавницата во селото Јосифово.[3]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 134 гласачи.[4]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads