Калково

село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia

Калковоmap
Remove ads

Калково — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Кратки факти

Селото до 2014 година се водело како маало на селото Јосифово, но со измени во Законот за територијална организација било прогласено за самостојна населба.[2]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужното подножје на планината Плавуш, северозападно од гратчето Валандово, од каде е оддалечено 12 километри. Сместено е северно од Јосифово, а југоисточно од Горна Маала.

Историја

Македонското население во селото живеело сѐ до крајот на 1960 година, кои притоа се иселиле во околните села. По 1960 година во селото почнува да доаѓа население претежно од турска националност, коишто се иселувале од околните села коишто се наоѓаат околу Калково.

Селото е прогласено за самостојна населба во 2014 година,[2] а дототаш било едно од двете маала на Јосифово.

Стопанство

Селото нема сопствен атар и припаѓа во атарот на селото Јосифово, иако било прогласено за самостојна населба.

Стопанство селото претежно се занимава со земјоделство, дрварство и сточарство. Во полето се одгледуваат повеќе земјоделски култури, но населението претежно насадува лубеници, зелка и тутун.

Во селото работи продавница.

Население

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 130 домаќинства со 327 жители, од кои 97 Македонци и 230 Македонци-муслимани.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Калково живееле 630 жители, од кои 280 Македонци и 350 Турци.[4]

За селото нема никакви податоци за движење на населението по Втората светска војна, бидејќи до 2014 година се водело како дел од селото Јосифово. Дури и по прогласувањето како посебно село, не било издвоено со своја катастарска општина, поради што не било земено в предвид при најновиот попис на населението во 2021 година.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, ова било мешано село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Бидејќи до 2014 година припаѓало на селото Јосифово, ја дели неговата административна поделба.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Покрај селото Калково, во ова избирачко место се опфатени и селата Плавуш, Терзели, Вејсели и Ајранли.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 277 гласачи.[6] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[7]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Џамии[8]

Личности

Родени во или по потекло од Калково

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads