Горна Рајна

департман во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia

Горна Рајнаmap
Remove ads

Горна Рајна (француски: Haut-Rhin; германски: Oberelsass; алзашки: Owerelsàss - Горен Елзас) — департман во регионот Голем Исток на Франција. Ова е помалиот и помалку населен од двата департмана во областа Алзас, особено по отцепувањето на јужната територија во 1871 г. подоцна наречена Територија Белфор, иако сепак е густо населен во однос на остатокот од континентална Франција.

Кратки факти Горна Рајна Haut-Rhin, Земја ...
Remove ads

Поделба

Департманот има пет окрузи. Нивните германски и алзашки називи се дадени во загради:

  • Алткирш (Алткирх / Алткирех)
  • Колмар-Рибовије (Колмар-Раполтсвајлер / Колмер-Рапшвир)
  • Милуз (Милхаузен / Милхиза)
  • Тан-Гебвилер (Тан-Гебвајлер / Дан-Гавилер)

Историја

Горна Рајна е наречена по реката Рајна и е еден од првобитните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Настанат е со примена на законот од 22 декември 1789 г. на јужната половина на покраината Алзас (Горен Алзас).

Границите на Горна Рајна се менувани повеќепати:

  • 1798: припоен Милуз, дотогашен слободен град и последната швајцарска енклава во јужен Алзас;
  • 1800: припоен целиот департман Мон Терибл;
  • 1814: изгубени териториите од Мон Терибл, кои ѝ се вратени на Швајцарија, освен старата општина Монбелјар;
  • 1816: изгубен Монбелјар со неговото префрлање во департманот Ду;
  • 1871: речиси сиот припоен кон Германија со Франкфуртскиот договор поради неговото германско население и историја. Во 1922 г. од преостанатиот дел создадена Територијата Белфор;
  • 1919: вратен на Франција (со Версајскиот договор) но останал административно одделен од Белфор.
  • 1940: де факто припоен кон Третиот Рајх.
  • 1944: вратен на Франција.
Remove ads

Географија

Горна Рајна граничи со департманите Територијата Белфор и Вогези и венецот Вогези на запад, департманот Долна Рајна на север, Швајцарија на југ и реката Рајна на исток, која ја образува границата со Германија. Во средиштето на департманот се протега плодна низина. Климата е полуконтинентална.

Стопанство

Ова е еден од најбогатите департмани во Франција. Во Милуз е сместена автомобилската фабрика „Пежо“, каде се произведуваат моделите 106 и 206. Областа Јужен Зундгау има најниска невработеност во Франција (околу 2%). Пределите се ридести. Многу жители на Горна Рајна работат во Швајцарија, особено во хемиската индустрија во Базел, но сепак живеат во Франција поради пониските животни трошоци.

Право

Департманите во Алзас (Горна и Долна Рајна) и дерпартманот Мозел имаат правен систем кој е малку поинаков од остатокот од Франција. Прописите кои се разликуваат потекнуваат од законите што важеле од 1871 до 1919 г. кога ова подрачје било во состав на Германското Царство. Со враќањето на Алзас-Лорена во Франција во 1919 г. државата прифатила задржување на извесни месни закони во одност на ловството, стопанскиот живот, односите во месната управа, здравственото осигуривање и социјалните права. Забележливо е тоа што отсуствува формалната одделност на црквата и државата, и неколку црковни вероисповеди примаат јавни средства од државната каса.

Remove ads

Туризам

Култура

  • Алзашки дијалект

Поврзано

  • Општини во Горна Рајна
  • Кантони во Горна Рајна
  • Окрузи во Горна Рајна

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads