Долна Рајна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долна Рајна (француски: Bas-Rhin, алзашки: Unterelsàss) е департман во Франција — најнаселениот во областа Алзас на денешниот регион Голем Исток. Населението брои 1.079.013 жители (2006).
Remove ads
Историја
Долна Рајна е еден од 83 департмани создадени на 4 март 1790 г. во текот на Француската револуција.
Кон средината на 1790-тите, по француската окупација на сета лева страна на Рајна, северната граница на департманот е поместена уште посеверно, преку Лаутер, па сè до реката Квајх, опфаќајќи ги подрачјата на Анвајлер на Трифелс, Ландау, Бад Бергцаберн и Верт на Рајна. Но по вториот пораз на Наполеон во Битката кај Ватерло (1815), Виенскиот конгрес ѝ ги доделува териториите северно од Лаутер на Баварија, како и териториите аво соседната покраина Рајнска област-Пфалц.
Во 1871 г. департманот е присоединет кон Германија (по поразот на Франција во Француско-пруската војна) и така останува сè до крајот на I светска војна (1918). За време на II светска војна департманот повторно станува дел од Германија (1940-1945) за потоа конечно да ѝ биде вратен на Франција.
Remove ads
Географија
Реката Рајна отсекогаш играла важна историска и стопанска улога во овој крај. Таа воедно ја образува источната граница на департманот. Во околината се простираат и падините на Вогезите.
Северно од Долна Рајна се протега Фалечката шума во германската сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, а на исток се наоѓа покраината Баден-Виртемберг. На југ е департманот Горна Рајна, градот Колмар и јужен Алзас, а на запад е депарманот Мозел.
Remove ads
Поврзано
- Општини во Долна Рајна
- Окрузи во Долна Рајна
- Кантони во Долна Рајна
- Горна Рајна
Надворешни врски
- Страница на генералниот совет Архивирано на 27 април 2009 г. (француски)
- Страница на префектурата (француски)
- Долна Рајна на Curlie (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads