Горнополско Градиште (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Горнополско Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од раниот среден век.
На околу 2,5 км воздушна линија југоисточно од селото, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани и западно од Јаоречка Долина има висок рид со надморска височина од 1.018 м. На зарамнетиот врв на ридот се гледаат остатоци од бедем (особено на северната и источната страна) граден од камен и варов малтер, широк 1,25 м, а во внатрешноста има остатоци од основи на градби и растурен градежен материјал.[1]
Во североисточниот дел од градиштето се раскопани остатоци од христијански сакрален објект со димензии од 9,50 × 5,50 м. Во близината се забележува и една четвртеста просторија (можеби водосклад) изделкана во карпа, со димензии од 3,5 × 3,5 м. По целиот простор од градиштето и по стрмните источни и јужни падини се среќаваат фрагменти од средновековна керамика, тули и покривни ќерамиди.[1]
Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads