Северна Тракија
северниот дел на Тракија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Северна Тракија (бугарски: Северна Тракия) или Бугарска Тракија (Българска Тракия) — северниот и најголем дел на историската област Тракија. Се наоѓа во јужна Бугарија и ја опфаќа територијата јужно од Стара Планина и источно од реката Места. Се граничи со Западна Тракија и Источна Тракија на југ, Црното Море на исток и Пиринска Македонија на југозапад. Во неа се сместени Средна Гора, Горнотракиската Низина и 90 % од Родопите. Северна Тракија зафаќа површина од 42.073 км2

Во областа се застапени континенталната, умереноконтинентална и планинската клима. Тука е забележана највисоката температура во Бугарија: 45,2 °C во Садово, измерена во 1916 г. Најважни реки се Марица и нејзините притоки. Позначајни градови во Северна Тракија се Пловдив, Бургас, Стара Загора, Сливен, Хасково, Јамбол, Пазарџик, Асеновград, Крџали, Димитровград, Казанлак и Смољан.
Remove ads
Историја
Во 1878 г. Отоманското Царство ја создало автономната покраина Источна Румелија во Северна Тракија. Во 1885 г. областа била припоена кон Кнежевството Бугарија[1]
Демографија
Ова е етничкиот состав на Источна Румелија во отоманско време.
Следува етничкиот состав на областите Бургас, Хасково, Крџали, Пазарџик, Пловдив, Сливен, Смољан, Стара Загора и Јамбол.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads