Горно Јеловце
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Јеловце — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Јеловце живееле 710 жители, од кои 390 Македонци и 320 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Јеловце имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Горно Јеловце е дел од Долнојеловска општина (со центар во Здуње) во Горнополошкиот срез и има 57 куќи со 405 жители, Македонци и Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Јеловце живеат само 2 жители, Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Горно Јеловце е македонско село.
Родови во селото се: Радевци (4 к.), Цопаковци (6 к.), Царуски (10 к.) доселени се од селото Ничпур, Горна Река; Дудевци (4 к.) и Буревци (4 к.) доселени се од селото Реч, Горна Река; Сурлевци (6 к.) доселени се од селото Штировица, Горна Река; Кекеревци (3 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Фенчевци (4 к.) доселени се од некое село во Полог.
Помуслиманен македонски род: Ковачевци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија, таму предците им биле православни.
Албански род: Мерсимовци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 533 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Долно Јеловце.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[15]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Мина“ - главната и единствена црква на Горнојеловскиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Будимиров Гроб — средновековна некропола;
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads