Здуње (Гостиварско)
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Здуње — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар. Поради близината до својот град, се смета и за негово предградие. До 2004 година, селото било дел од поранешната Општина Вруток.
За други значења на поимот, погл. Здуње.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Северозападна Македонија на десната страна на реката Вардар и практично е приградска населба на Гостивар.
Историја
Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Здуње живееле 485 жители, од кои 300 Турци, 120 Албанци и 65 Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долнени имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Турци и 50 Македонци.[4]
Здуње е најголемото село, коешто во 1961 година имало 890 жители, а во 1994 година 1.632 жители, од кои 329 Македонци, 619 Албанци, 676 Турци, 7 Роми и 1 останат.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.140 жители,[5] од кои 467 Македонци, 998 Албанци, 659 Турци, 1 Србин и 6 останати, и претставува голема населба.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.410 жители, од кои 77 Македонци, 730 Албанци, 532 Турци, 1 останат и 70 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Родови
Здуње е мешано село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Македонски
- Аризевци (8 к.) доселени се од некое село во Порече. Многумина ги сметаат за најстар род во селото.
- Јаковчевци (5 к.) доселени се од селото Горна Бањица. И они се стари доселеници.
- Премчевци (1 к.) доселени се од селото Печково.
- Бојовци (1 к.) доселени се однекаде.
- Јаковлевски (1 к.) доселени се од селото Пожаране. Таму се викале Чавдаровци. И во Пожаране биле доселени. Они потекнуваат од предок Влав.
Турски
- Бандевци (17 к.) доселени се однекаде. Они се многу стар доселенички род.
- Нуиовци (4 к.) доселени се од Анадолија.
- Куртишовци (7 к.) они се од право турско потекло.
- Ѓор Гулевци (15 к.) наведуваат дека се од турско потекло.
- Ќуфалевци (28 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Основачот на родот бил Албанец. Но сега зборуваат турски. Они се најстар муслимански род во селото, доселени се во XVIII век.
- Гафур (1 к.) доселени се од Бањица, зборуваат турски. А доселени се од Албанија.
- Цабир (1 к.) доселени се од селото Врапчиште. Подалечно потекло од Албанија.
Албански
- Чајани или Ќајалари (18 к.) доселени се од Љума во Албанија.
- Казовци (9 к.) доселени се од Албанија или од Дебарско.
- Акик Река (1 к.) доселени се од Горна Река.
- Азир (1 к.) доселени се од Мало Турчане. А таму од Албанија.
- Дурмишовци (1 к.) доселени се од Вруток. По женска линија се Македонци.[8]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 531 и 531/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.634 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Хади Незир (р.1952), македонски политичар, пратеник и член на ДПТМ
Култура и спорт
Во селото постои фудбалскииот клуб Слога кој моментално е неактивен. Последен пат се натпреваруваше во општинската лига на Гостивар во сезоната 2015/16 кога заврши на третото место. Најголемиот успех го постигна во сезоната 2011/12 кога за првпат играше во третата лига Запад, но се откажа на полусезона.
Иселеништво
![]() |
„Здуње (Гостиварско)“ на Ризницата ? |
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads