Горно Градиште (Долно Гратче)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Долно Гратче. Претставува населба од доцноантичко време. На 1 км источно од наоѓалиштето Долно Градиште, на левата страна од утоката на Голема Река во езерото Гратче се издига голем рид со доминантна положба. На неговиот врв има зарамнет простор со димензии од 200 × 120 м, на кој се зачувани остатоци од бедем. На површината на градиштето се среќаваат фрагменти од питоси и покривни ќерамиди. Значаен е фактот дека на многу мало растојание биле изградени две големи градишта, што било редок случај.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads