Горно Котори

From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Котори
Remove ads

Горно Котори (грчки: Άνω Υδρούσσα, Ано Идруса; до 1926 г. Άνω Κόττορι, Ано Котори[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 229 жители (2011) и има огромно македонско мнозинство.[3]

Кратки факти Горно Котори Υδρούσσα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено на падините на Нередска Планина, 11 км југоисточно од Лерин. Лежи на северната страна на Црвеникашката Корија и речиси во крајниот југозапад на Пелагонија (т.е. Леринско Поле).[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XV век во Котори по име се заведени 119 глави на домаќинствата.[4] Во османлиските дефтери од средината на XV век Котори е спомнато со 20 глави на семејства и двајца неженети: Тошо, Храно, Михо, Степан, Калко, Коста, Димо, Стајко, Братан, Манко, Станиша, Михо, Мано, Леко, Татуш, Манол, Славеј, Богдан, Ѓорѓи (Јорг), Поп Тома, Којо и Тодор. Вкупниот државен приход од селото изнесувал 1.515 акчиња[5]. Според преданието, селото е поново (веројатно во меѓувреме обновено), од XVIII век, од македонски сточари дојдени од Воденско, кои воедно го подигнале и Долно Котори. Името потекнува од подигнатите трла наречени котори[3] („котари“ на денешен литературен македонски).[6] Овој крај бил полн со разбојнички зулуми, па затоа се верува дека населението покренало идеја селото да стане чифлик под заштита на албански бег од Колоња. Со време бегот довел извезен број христијански Албанци (Тоски) од Албанија, па селото станало мешана населба, во полза на Македонците.[3] Подоцна, оние кои не сакале да се потчинат на бегот прешле во Долно Котори.

Во XIX век Горно Котори било село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции)“ го опишал Кодорево како македонско село.[7][8] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Котори (Gorno-kotori) е село во Леринска казата со 50 домаќинства, сочинето од 140 жители Македонци и 42 жители муслимани (погрешно водејќи го албанското население како муслиманско).[9][10] Одделно во Костурската каза е укажано и селото Колори (Kolori) со 120 домаќинства и 450 жители Македонци.[9][11] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно Котори живееле 168 Македонци христијани и 174 Арнаути христијани.[9][12]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горни Котори се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 31 куќа.[13]

Според документ на раководителите на Илинденското востание во Костурско, вклучувајќи ги Васил Чекаларов, Лазар Поп-Трајков, Пандо Кљашев, Манол и Михаил Розов, испратен до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 г. во Чифлик Котори се изгорени сите 16 куќи.[14]

По востанието целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[15] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Котри (Gorno Kotri) имало 216 Македонци под егзархијата и 120 Албанци христијани.[9][16]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 286 жители. Боривое Милоевиќ во овој период бележи 46 македонски и 6 албански куќи (што значи дека Албанците веќе се претопиле), а во 1920 г. населението опаднало на 266 лица.[3] Во 1928 г. е преименувано во Ано Идруса.[17] Истата 1928 г. е забележано зголемување на населението, со 316 жители.[3]

Во 1940 г. Горно Котори имало 526 жители, што значи дека се удвоило во изминатите две десетлетија.[3] Во 1941 г. селото е окупирано од бугарската војска и воведена е бугарска општинска власт.[18] Селото не настрадало значајно во Граѓанската војна, поради што во истиот период се иселиле само 23 лица во Р Македонија и неколку семејства во Лерин.[3] Иако иселувањето за време на самата војна било мало, по војната населението почнало да се намалува. Во првите десетлетија се смалило за околу една третина,[3] а во најново време е една половина од неговиот број пред Втората светска и Граѓанската војна.

Според истражување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-арванитско“ и во него македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[19]

Денес жителите на селото во огромна мера се Македонци и малкумина Арванити (Албанци-Тоски) кои веќе се речиси наполно претопени во Македонците.[3]

Remove ads

Цркви

Селото празнува Петковден на 26 јули и слава на 25 јануари. Главна селска црква е „Св. Петка“, изградена во 1462 г.[20]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението се занимава со сточарство, а делумно е застапено и земјоделството.[3]

Личности

  • Кољо Димитров — војвода на селската чета во Илинденското востание.[21]
  • Ристо Стефанов — учител и револуционер на МРО
  • Апостолос Кацутас (Απόστολος Κατσούτας) — гркомански андартски деец од IV класа[22]
  • Павел Георгиев Шопов (р. 1925) — член на ЕПОН, војник на ДАГ (1946 - 1949) во дружината на командантот Ѓорѓи Калков; во 1950 г. се иселил во Полска, а во 1962 г. се преселил во Варна, Бугарија и оставил спомени[23]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads