Долно Котори

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Котори
Remove ads

Долно Котори (грчки: Υδρούσσα, Идруса; поретко Κάτω Υδρούσσα, Като Идруса; до 1927 г. Κάτω Κόττορι, Като Котори[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 304 жители (2011) и има огромно македонско мнозинство.[3]

Кратки факти Долно Котори Υδρούσσα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Леринското Поле, на 8 км југоисточно од Лерин, по двата брега на Елешка Река.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Селото е основано од македонски сточари преселени од Воденско, а името потекнува од подигнатите трла наречени котори[3] („котари“ на денешен литературен македонски).[4] Во XV век во Котори се заведени по име 119 глави на домаќинствата.[5] Во османлиските дефтери од средината на XV век Котори е спомнато со 20 глави на семејствата и двајца неженети: Тошо, Храно, Михо, Степан, Калко, Коста, Димо, Стајко, Братан, Манко, Станиша, Михо, Мано, Леко, Татуш, Манол, Славеј, Богдан, Ѓорѓи (Јорг), Поп Тома, Којо и Тодор. Вкупниот државен приход од селото изнесувал 1.515 акчиња[6]. Во записниците на христијанското население на Леринскиот вилает од 1626-27 г. селото е означено под името Долна Котори со 9 даночни домаќинства[7]. Селото особено нараснало во XVIII век по претворањето на блиското Горно Котори во чифлик на албански бег дојден од Колоња, кога жителите кои не сакале да му се потчинат на бегот се преселиле во Долно Котори. По извесно време во Долно Котори дошле и албански христијани семејства (Тоски)[3], но Македонците останале огромно мнозинство.

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Кодорево како македонско село.[8][9] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Котори (Dolno-kotori) било село во Леринската каза со 55 домаќинства и 20 жители муслимани и 152 Македонци.[10][11] Одделно во Костурската каза е укажано и селото Колори (Kolori) со 120 домаќинства и 450 жители Македонци.[10][12]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Долно Котори живееле 600 Македонци христијани и 174 Арнаути христијани.[10][13] На почетокот на XX век поголемиот дел од селото потпаднал под врховенството на Бугарската егзархија. работело бугарско училиште, каде во 1903/04 г. предавал револуционерот Атанас Шишков од Пателе.[14] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Котри (Dolno Kotri) имало 608 Македонци под егзархијата, 176 Македонци под Цариградската патријаршија и 180 Албанци христијани. Во селото делувале и бугарската и грчката пропаганда — работело бугарско училиште за населението под егзархијата и грчко за оние под патријаршијата и за Албанците.[15]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долни Котори се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 104 куќи.[16]

Во првите денови на април 1908 г. власта направила претрес на селото со мачење и насилство. Најдени се неколку бомби, за кои селаните тврделе дека се подметнати од офицерот Рушид-ефенди кој го спроведувал претресот.[17]

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Властите барале да се предадат 400 пушки од селото. Селанецот Танас Мицев е претепан до смрт, а куќата на Марија Динева е запалена.[18]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 894 жители.[3] За време на Првата светска војна и по неа (1917-1919), преку 60 жители на селото, заедно со двајца свештеници, се иселени во јужна Франција поради сомненија за промакедонска дејност.[19] Во овој период Боривое Милоевиќ забележал дека Долно Котори имало 120 македонски и 30 албански семејства.[3] Поради воените непогоди, во 1920 г. селото се смалило на 784 жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Идруса (понекогаш нарекувано Като Идруса, за да се разликува од Горно Котори, кое е преименувано во Ано Идруса).[20] На пописот од 1928 г. Долно Котори е заведено со 846 лица.[3]

Во февруари 1932 г. началникот на полицијата во Долно Котори, Димитриос Кабурас испратил извештај во Лерин, во кој по име се наведени 22 докажани македонски дејци во селото, и ја опишува „противдржавната“ дејност на тие селани и нивните семејства, како и нивното учество во Илинденското востание. Кабурас пишува дека населението ги бојкотирало службите на грчки јазик и дека кметот бил „фанатик“.[21] Според грчки жандармериски документи од истата 1932 г. во Идруса (Д. Котори) живеат 170 семејства, 157 од кои со македонска национална свест и 8 со албанска свест.[22]

Меѓу свете светски војни селото бележи раст, и покрај големите иселувања. Во овој период од Долно Котори се иселиле вкупно 67 македонски и 15 албански семејства.[3] Од нив, 104 Македонци (24 семејства) и 41 Албанец (15 семејства) се иселиле во прекуоанските земји, 122 Македонци (38 семејства) заминале во Бугарија и 22 Македонци (5 семејства) во Вардарска Македонија. И покрај иселувањата, во 1940 г. Долно Котори бележело пораст на 974 жители.[3]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарската војска и воведена е бугарска општинска власт.[23] Доста жители на Долно Котори активно се вклучиле во бугарската паравоена организација „Охрана“, која водела борби со грчките партизани во подрачјето. По крајот на војната, во 1945 г. 60 жители на селото се осудени како членови на „Охрана“.[24] Според статистиката на грчката власт од 1945 г. селото имало 1.026 жители, од кои 550 имале „негрчка национална свест“, 326 наводно имале „грчка свест“ (што несомнено е лага) и 150 чија свест била „неутврдена“.

За време на Граѓанската војна, 35 семејства од Долно Котори се преселиле Р Македонија, а уште 65 лица занимале во источноевропските земји. По војната, намалувањето на населението продолжило поради преселување во Австралија како на македонското, така и на албанското население. Без оглед на сите овие иселувања, населението сепак било во пораст. Во 1951 г. се попишани дури 1.267 лица.[3] Сепак, во текот на следното десетлетие Долно Котори почнало битно да се намалува, поради што во 1961 г. се преполовило на 571 жител и продолжило да се намалува до денес.[3]

Според испитување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-арванитско“ во кое македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[25]

Remove ads

Цркви

Селото го опслужуваат следниве цркви:[26]

  • „Св. Никола“
  • „Успение на пресв. Богородица“
  • „Св. Димитрија“
  • „Св. Петка“

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото произведува жито, грав, јаболка и јагоди, а застапено е и краварството.[3]

Личности

Thumb
Тане Наумов
  • Стефан Гошев (1859–1932) — просветен деец и револуционер
  • Богоја Петров (1864-1964) — револуционер, учесник во Илинденското востание
  • Иван Велевски (1870 – ?) — револуционер
  • Кољо Димитров — војвода на селската чета во Илинденското востание[27]
  • Крсте Филипов — прв свештеник на првата македонско-бугарска црква во Австралија „Св. Кирил и Методиј“, Мелбурн, 1950 – 1959
  • Никола Богоев (1900-1986) — општественик во Бугарија, кмет на с. Мадара, Шуменско (1951-1955)
  • Петар Богоев (1903-1998) — социјалистички деец и стопански раководител во Бугарија, заменик-министер за електрификација (1947-1952)
  • Тане Наумов (1907-1977) — учесник во Шпанската граѓанска војна, во НОБ во Егејска Македонија и во Грчката граѓанска војна
  • Лазе Гаштевски (1913-1944) — партизан и деец на НОВМ
  • Атанас Василев Христов (1915 – 1943) — партизан и јатак во Бугарија[28]
  • Никола Попов — деец на МРО, војвода на чета во Леринско пред Хуриетот во 1908 г.[29]
  • Пандо Колевски (р. 1937) — поет и преведувач во Македонија
  • Thumb
    Александар Поповски (1932г.) - учесник во Демократската Армија на Грција и во НОБ во Егејска Македонија, борец за човекови права, долгогодишен и сега почесен претседател (како и еден од основачите) на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Инаку правнук на леринскиот војвода Мамин Кољо.
Remove ads

Поврзано

Литература

  • Атанас Тане Наумовски „Долно Котори и которчани“, Битола, 2007.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads