Горно Осеново
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Осеново — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 2 жители (2024).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Горно Осеново се наоѓа во југозападниот дел на планината Рила, на 20 километри од Горна Џумаја. Единствениот пат го поврзува со Долно Осеново.
Историја
Горно Осеново е признаено за село во 1955 година, а до тогаш се сметало за маало на селото Долно Осеново.
Демографија
На табелата е прикажан бројот на населението во Горно Осеново за периодот 1956-2011:
Етнички состав
Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 15 | 93,75 |
Роми | - | - |
Турци | - | - |
други | - | - |
не се самоопределиле | - | - |
не одговориле | 1 | 6,25 |
Вкупно | 16 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[1]
Редовни настани
На христијанскиот празник Духовден и се организира традиционален собор. Секоја година околу црквата „Света Троица“ која е изградена во 1925 година се одржува хуманитарна аукција на која се собираат средства за одржување на црквата. На традиционалниот мајски собир во Горно Осеново доаѓаат и соседите од околните села.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads