Горјане

село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Горјанеmap
Remove ads

Горјане — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 19 километри северозападно од Гостивар.

Историја

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горјане живееле 234 жители, од кои 190 Албанци и 44 Македонци.[3]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Горјане — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 34 куќи со 213 жители, Албанци и Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 70 жители, сите Албанци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Горјане е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Албански

  • Доселеници: Алија (6 к.) доселени се од Буштрице во северна Албанија, во првата половина на 19 век. Го знаат следното родословие. Риза (жив на 36 год. во 1948 година) Раиф-Амит-Ризван-Али, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во селото Сенокос; Грналар (5 к.) доселени се од Ујмишта во Љума. Го знаат следното родословие. Алија (жив на 38 год. во 1948 година) Зибер-Карасина-Деар, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство); Имерица или Реџолар (7 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Гарип (жив на 40 год. во 1948 година) Ракип-Елмаз-Имерица, мајката која се доселила со своите синови. Имаат иселеници во Сенокос; Бајрамлар или Партал (4 к.) доселени се од северна Албанија. Живееле некое време и во селото Ѓурѓевиште. Го знаат следното родословие Ферми (жив на 34 год. во 1948 година) Меди-Бајрам, кој се доселил во селото. Имаат роднини во селата Врапчиште, Ѓурѓевиште и некои други села; Браимлар (4 к.), Дурмишлар (3 к.) и Амзолар (4 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Од родот Дурмишлар има иселеници во Битола; Коваче (3 к.) доселени се од Чаја во Љума; Рочалар (1 к.), Шабанлар (1 к.) и Билал (1 к.) последните два рода се млади доселеници. Родот Билал се доселил во 1928 година од северна Албанија. Од родот Шабанлар има иселеници во селото Градец.[11]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 450 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads