Врапчиште
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Врапчиште — село во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар, во северозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина.
Врапчиште | |
Координати 41°50′2″N 20°53′7″E | |
Општина | Врапчиште |
Население | 4.003 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1238 |
Шифра на КО | 07014 |
Надм. вис. | 538 м |
Врапчиште на Ризницата |
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 5 километри северно од Гостивар.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и било едно од најголемите села во полошката област со 240 христијански семејства, 17 неженети христијани и 2 вдовици христијани.[2]
Во XIX век, Врапчиште било село во Полошката нахија во рамките на Гостиварската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 13 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врапчиште живееле 1.865 жители, од кои 1.300 Турци, 350 Македонци, 165 Албанци и 50 Роми.[5]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Врапчиште е центар на Галтска општина во Горнополошкиот срез и има 394 куќи со 2.120 жители Македонци, Турци, Албанци и Роми.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 2.000 Турци, 250 Македонци и 50 Албанци.[7]
Врапчиште е најголемо село, коешто во 1961 година имало 3.420 жители, а во 1994 година 5.015 жители, од кои 191 биле Македонци, 1.743 Албанци, 3.072 Турци, 1 Србин и 8 други.
Според пописот од 2002, Врапчиште има 4.874 жители и претставува едно од најголемите села во Гостиварско и Полог.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.003 жители, од кои 118 Македонци, 912 Албанци, 2.765 Турци, 1 Србин, 1 Бошњак, 3 останати и 203 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 2.988 |
1953 | 343 | 2.079 | 919 | 5 | — | 3 | — | 19 | — | 3.368 |
1961 | 289 | 1.023 | 2.096 | — | — | 2 | — | 10 | — | 3.420 |
1971 | 241 | 2.075 | 1.683 | — | — | 3 | — | 45 | — | 4.047 |
1981 | 226 | 1.833 | 2.822 | — | — | — | — | 111 | — | 4.992 |
1991 | 205 | 348 | 2.998 | — | — | — | — | 23 | — | 3.574 |
1994 | 191 | 1.743 | 3.072 | — | — | 1 | — | 8 | — | 5.015 |
2002 | 172 | 1.777 | 2.899 | — | — | — | — | 26 | — | 4.874 |
2021 | 118 | 912 | 2.765 | — | — | 1 | 1 | 3 | 203 | 4.003 |
Родови
Врапчиште е мешано село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Македонски
- Самарџиовци (4 к.) староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (таму се викаат Манојлоски) и во Бугарија (седум семејства).
- Таргаџовци (4 к.), Брбушевци (6 к.), Лјчковци (2 к.), Суслаковци (6 к.), Серафилоски (1 к.) и Мишмировци (8 к.) и тие се староседелци.
- Пупевци (2 к.) доселени се однекаде.
- Кљункаровци (2 к.) доселени се од селото Тумчевиште. Основачот на родот се викал Апостол.
Православни Роми
- Стрезоски (3 к.) тие се стар селски род. Зборуваат македонски. Брачни врски одржувале со православните Роми од Тетово, и со Македонците. Последно зеле некоја Македонка од Железна Река. Имаат заеднички гробишта со Македонците. За родот Стрезовци се слуша и името Ефремовци, по некој помлад предок.
Турски
- Чапраз (3 к.) најстар муслимански род во селото. Доселени се одамна од Мала Азија.
- Фис (4 к.) исто како и претходниот род.
- Спахија (30 к.) исто како и претходните родови. Со родот Фис потекнуваат од ист предок.
- Оџалари (8 к.) доселени се од околината на Видин во Бугарија. Подалечно потекло од Турција.
- Кара Батака (32 к.) доселени се од некое место во Бугарија. Подалечно потекло од Мала Азија.
- Врањко (16 к.) доселени се во 1878 година од Врање во Србија. Право потекло од Мала Азија.
- Мула Алил (17 к.) од турско потекло се.
- Вејис (32 к.) доселени се од Дебарско.
- Кара Хасан (11 к.) доселени се од Дебарско.
- Челик (14 к.)од турско потекло се.
- Печелари (8 к.) доселени се од Дебарско.
Албански
- Коколари (22 к.) доселени се од Чаје во Љума, северна Албанија. Овде живеат од XVIII век.
- Аључи (12 к.) доселени се од Церане во Калиса, северна Албанија.
- Љуш (22 к.) доселени се од Чаје во Љума, северна Албанија.
- Лика Јаз (32 к.) доселени се од Чаје или Церане во Љума/Калиса, северна Албанија.
- Оџолари (4 к.) доселени се од некое село во Горна Река.
- Штин (11 к.) доселени се од некое село кај Пешкопеја во северна Албанија.
- Салко (11 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Будин (7 к.) доселени се од некое село кај Пешкопеја во северна Албанија
- Шеховци (7 к.) доселени се од Церане во Калиса, северна Албанија.
- Топал (2 к.) доселени се од селото Беловиште. А таму од северна Албанија.
- Партал (22 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Гоголари (6 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
Муслимански Роми
Општествени установи
- „Пранвера - Бахар - Пролет“ — детска градинка;
- ОУ „ВРАПЧИШТЕ“ — основно училиште;
- СУ „Панче Попоски“ — средно училиште;
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 455, 455/1, 456, 456/1, 457, 457/1, 458, 458/1, 459 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5.738 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Брца — некропола од доцноантичко време;
- Градиште — населба од доцна антика;
- Тумба — некропола од средниот век;
- Ограда — населба и некропола од доцноантичко време;
- Топлишница — населба и некропола од доцноантичко време;
- Цркви[15]
- Црква „Св. Димитриј“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото. Околу неа се старите гробишта;
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква. Се наоѓа на падините на Шар Планина
- Црква „Св. Петка“ - изградена е во периодот помеѓу 1912 - 1916 година и се наоѓа во западниот дел на селото;
- Црква „Св. Атанасиј“ - изградена е во 1918 година и се наоѓа во западниот дел на селото;
- Џамии
- Стара Џамија - Ески Џами
- Нова Џамија - Јени Џами
- Хаџи Ахмет Џамија
Редовни настани
Личности
- Мохамед Аручи - македонски и турски теолог;
- Кенан Хасипи (р. 1955) - македонски политичар, пратеник и претседател на ДПТМ;
- Јаничие Димитриевиќ (14 септември 1879/1880 - 17 декември 1946) - лекар, пратеник, конзул;
- Меваип Ефенди Сипахи (теолог,муфтија)
- Јусуф Хасани (македонски политичар и пратеник од ДПТМ)
- Јусуф Хамзаоглу (професор по историја при УКИМ)
- Ќемал Ефенди Аручи (теолог)
- Сали Мурати ( уставен судија и претседател на Уставниот суд на РСМ)
- Назим Ибрахим ( редовен универзитетски професор по турски јазик и книжевност при УКИМ)
- Илами Халими ( македонски фудбалер )
- Ќераметтин Шар (познат турски интернист - Аџибадем - Истанбул)
- Мехмет Зеки Ибрахимгил ( професор при универзитетот Гази во Анкара - Факултет за литература, отсек историја на уметност)
- Галип Велиу ( универзитетски професор по филозофија)
Култура и спорт
ФК ВРАПЧИШТЕ - Во 2012 година се одржа проектот"Спортот за заедништво,толеранција и сплотување". Од 1958 година постои фудбалскиот клуб Врапчиште кој во сезоната 2017/18 испадна од третата лига Запад.
Културно уметничко друштво "Јунус Емре" - Врапчиште
Иселеништво
Од селото се има селено турското население. Иселени се околу 30 семејства во Турција до 1951 година.[11]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.