Ѓурѓевиште

село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓурѓевиштеmap
Remove ads

Ѓурѓевиште — село во Општина Врапчиште, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.

Кратки факти

До 2004 година, селото било дел од поранешната Општина Неготино-Полошко.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Врапчиште, на источните падини на Шар Планина.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 58 семејства, 3 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[2]

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза во Гостиварската нахија во Отоманското Царство.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓурѓевиште живееле 985 жители, од кои 660 Албанци и 325 Македонци.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Галатска општина и имало 74 куќи со 340 жители Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[6]

Селото броело 580 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 676 жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 403 жители, од кои 399 Албанци, 3 Македонци и 1 останат. Следува табела на националната структура на населението:[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 1 Македонец, 182 Албанци, 1 Бошњак и 14 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Ѓурѓевиште е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

  • Доселеници: Партал (27 к.) доселени се од Ујмиште во Љума, северна Албанија. Го знаат следното родословие: Исак (жив на 50 г. во 1947 година) Мемет-Кадри-Исак-Мусли, кој се доселил. Имаат роднини во Врапчиште и Слатино; Ферат (16 к.) доселени се од местото Арди во Мирдита, северна Албанија; Цаке или Цаколар (12 к.) доселени се од селото Ујмиште во Љума; Дранче (28 к.) доселени се од северна Албанија. Имаат роднини во селото Калиште.[13]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 451 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 630 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads