Готлоб Ернст Шулце
германски философ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Готлоб Ернст Шулце (германски: Gottlob Ernst Schulze; 23 август 1761 - 14 јануари 1833 ) — германски филозоф, претставник на скептицизмот. Роден е во месноста Хелдрунген (денес во Тирингија). Професорувал во Витенберг, Хелмштет и Гетинген.[1] Неговото највлијателно дело е „Енесидем“ (Aenesidemus), каде авторот преку скептична полемика се обидува да ги побие исказите во „Критика на чистиот разум“ од Имануел Кант и „Филозофија на елементите“ од Карл Леонхард Рајнхолд.

Во Гетинген, Шулце станал ментор на идниот филозоф Артур Шопенхауер кого го посоветувал да се задржи на изучувањето на Платон и Кант. Овој совет имал големо влијание во филозофијата на Шопенхауер. Во зимскиот семестар 1810/1811, Шопенхауер кај Шулце изучувал и психологија и метафизика.[2]
Шулце починал во Гетинген.
Remove ads
Мисли
- „Умствените растројства се појавуваат во услови на удобствија — затоа нема да ги најдете кај дивите племиња.“
- „Еден особен вид на споредба се нарекува остроумност … Она што произлегува од неа се идеи за скриените, но сепак површни сличности во нештата.“
- „Вистината е кривa линија, а филозофијата е бројот на тангентите што ѝ се доближуваат до бесконечност без да ја допрат, — асимптотите.“
- „Утврдувањето дали едно расудување е аналитичко или синтетичко зависи и од тоа што сè опфаќа нашето поимување за „субјект“. Така, она што за некого е аналитичко, за друг ќе биде синтетичко.“
- „Кој ја осознал природата сама по себе?“
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads