Градешка Река
река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градешка Река (понекогаш Градешничка Река[1]), позната и како Ковачица, Карлабашка Река, Старавинска Река, Урупска Река и Камена Река — река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река. Во минатото на оваа река работеле голем број воденици.[2] На реката е изграден познатиот Зовички мост.[3]
Remove ads
Течение
Реката извира на планината Козјак на надморска височина од 1.600 м, а во Црна Река се влева под селото Чебрен на надморска височина од 410 м. Од Старавина до вливот во Црна Река долината на реката е кањонска.[4] Нејзина главна десна притока е реката Сатока која ја прима во месноста Еленик.[2]
Хидрографија
Вкупната должина на реката изнесува 26 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 116 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.600 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 410 м, така што релативниот пад изнесува 45,8 ‰.[4]
Галерија
- Течението на Градешка Река
- Поглед на Градешка Река
- Воздушен поглед на Градешка Река
- Градешка Река навлегува во клисура течејќи непосредно крај селото Зовиќ
- Градешка река кај селото Градешница
- Градешка река кај селото Градешница
- Поглед на Градешка Река
- Реката под Зовички мост
Поврзано
- Сатова
- Црна Река
Наводи
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads