Градешка Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Градешка Рекаmap
Remove ads

Градешка Река (понекогаш Градешничка Река[1]), позната и како Ковачица, Карлабашка Река, Старавинска Река, Урупска Река и Камена Река ​— река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река. Во минатото на оваа река работеле голем број воденици.[2] На реката е изграден познатиот Зовички мост.[3]

Кратки факти Градешка Река, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Реката извира на планината Козјак на надморска височина од 1.600 м, а во Црна Река се влева под селото Чебрен на надморска височина од 410 м. Од Старавина до вливот во Црна Река долината на реката е кањонска.[4] Нејзина главна десна притока е реката Сатока која ја прима во месноста Еленик.[2]

Хидрографија

Вкупната должина на реката изнесува 26 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 116 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.600 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 410 м, така што релативниот пад изнесува 45,8 ‰.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

Белешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads