Грбоносец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грбоносецот или армигер е лице кое има право на извесен грб. За таквото лице се вели дека е грбоносно (англ. armigerous).
Во минатото ова лице било носач на оклопот или штитоносец во служба на витез, но истото носело и свој посебен грб. [1]
Поимот „грбоносец“ („армигер“) е добро дефиниран само во земји (како Обединетото Кралство, Канада, Ирска и Шпанија) каде хералдиката ја регулира државен орган (како Колегијатот на грбови во Англија, Велс и Северна Ирска, Службата на Главниот хералд во Република Ирска или Суд на Лордот Лајон во Шкотска), бидејќи во земји каде хералдиката не е регулирана, како САД и Република Македонија секој може да има грб. Во Холандија пак, благородничките титули се регулирани со закон, но не и хералдиката. Во Шведска благородништвото уште од 1762 има прерогативно право на употреба на отворен шлем, додека останатите жители употребуваат затворен шлем.
Едно лице има стекнува грб под две можни околности:
- ако го наследи од лице со право на грб
- ако грбот му се додели лично нему
Remove ads
Поврзано
- Грб
- Хералдика
- Грбовен службеник
- Хералдички орган
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads