Гробишта (Војник)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гробишта или Гробље — археолошко наоѓалиште во кумановското село Војник. Претставува тумул од железното време и средновековна некропола. На околу 500 м јужно од селото се наоѓаат денешните гробишта, сместени на зарамнета тераса што се издига над коритото на реката Пчиња, од левата страна. Во 1964/65 година мештаните, правејќи простор за трпеза, потребна за погребните обичаи, уништиле тумул што бил подигнат на работ на терасата. Поточно, отстранет е насипот повеќе од половина и зарамнет е до нивото на теренот. Со овие работи, според исказите на учесниците, веднаш под површината биле уништени гробови со инхумирани покојници директно закопани и без гробни конструкции, а во основата на централниот дел нашле керамичко сатче (урна) и украсни предмети од бронза (цевчиња од ѓердан и повеќе висулци во облик на двоен лабрис). Во 1966 година, Mузеjот од Куманово извршил заштитно ископување на преостанатиот дел од тумулот што овозможило да се одредат неговите приближни димензии (пречник од околу 15 м и височина од 2 м), а истовремено да се откријат 10 гроба со инхумирани покојници, директно закопани во насипот на тумулот, со насоченост запад-исток, без гробни прилози. Од неколкуте фрагменти од керамички садови најдени во насипот е пронајдено дека се работи за гробови од времето на доцното средновековие. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.[1]
Remove ads
Поврзано
- Петриково — населба и некропола од римското време;
- Војник;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads