Војник (село)

село во Општина Старо Нагоричане, Кумановско From Wikipedia, the free encyclopedia

Војник (село)map
Remove ads

Војник — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Војник имало 61 жител, од кои 57 Македонци, 3 Срби и 1 останат.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 68 жители, од кои 62 Македонци и 6 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

Војник е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:

  • Стари родови: Ѓокинци (5 к.), Цоровци (3 к.) и Голомевци (2 к.)
  • Доселени родови: Петраљичанци (5 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Петралица, Кривопаланечко; Чунгурци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Цвиланце; Цветановци (2 к.) доселени се кога и другите два рода од селото Макреш; Алексовци (2 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане; Савевци (1 к.) доселени се од истото место како и претходниот род.
  • Доселени каурски Роми: Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Макреш пред 1912 година; Коњушанци (2 к.) доселени се како просјаци во 1918 година од селото Коњух; Николовци (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Конопница, Кривопаланечко.[9]
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[10]

Иселеништво

Во турско време во селото живеел родот Ѓокинци. Они во 1908 година имале куќна задруга од 20 членови. Тогаш чувале околу 500 овци и 12 овчарски кучиња. Но поради недоразбирањата со сопственикот на чифликот Ѓокинци морале да се иселат во селото Стрезовце. Но потоа се вратиле во селото, но по некое време овој род изумрел.

Се знае и за други родови кои ги нема повеќе во селото, како. Војничанци и Мазници иселени се во селото Клечевце. Војничанци иселени се во селото Студена Бара.[9]

Личности

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads