Гробишта (Корошишта)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Гробишта или Чифликархеолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Корошишта. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500-800 м од селото, под местото на коешто се наоѓал каменолом. На падина обрасната со густи грмушки биле откриени 4 засводени гробници, во кои имало керамички садови и друг археолошки материјал. Во околните ниви, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти. На површината се пронајдени многубројни фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и градежен материјал. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

  • Корошишта;
  • Герамидница — населба од доцноантичко време;
  • Главина — црква и некропола од средниот век;
  • Кале — утврдена населба од железно, доцноантичко време и среден век;
  • Латинска црква — сакрален објект од доцноантичко време;
  • Расница — населба од доцноантичко време и гробница од архајскиот период;
  • Шаркуецка — црква и некропола од средниот век;
  • Шекеими — црква од средниот век.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads