Кале (Корошишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кале — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Корошишта. Претставува утврдена населба од железно, доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 1,5 км североисточно од селото. На два седелести гребена кои стрмно се спуштаат кон полето, наместа се зачувани остатоци од ѕидови. По површината се пронајдени фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и многу градежен материјал. Помалубројни се пронајдените фрагменти од керамички садови од железното време.[1]
Remove ads
Поврзано
- Корошишта;
- Герамидница — населба од доцноантичко време;
- Главина — црква и некропола од средниот век;
- Гробишта - Чифлик — населба и некропола од доцноантичко време;
- Латинска црква — сакрален објект од доцноантичко време;
- Расница — населба од доцноантичко време и гробница од архајскиот период;
- Шаркуецка — црква и некропола од средниот век;
- Шекеими — црква од средниот век.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads