Корошишта

село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Корошиштаmap
Remove ads

Корошишта — село во Општина Струга, во околината на градот Струга. Селото е познато по богатата благородничка гробница од VI век п.н.е. сместена во месноста Расница.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во североисточниот дел на Струшкото Поле, во подножјето на Караорман.

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Корошишча (Koroschischtcha) било село со 35 домаќинства, со 75 муслимани 20 Македонци.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Корошишта живееле 440 жители, сите Албанци.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Коросишта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Албанци.[7]

Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.717 жители, од кои 1 Македонец, 1.698 Албанци, 1 Србин и 17 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.201 жител, од кои 1 Македонец, 1.179 Албанци, 1 останат и 20 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Корошишта е албанско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот помеѓу 1977-1979.

Родови во селото се: Каличи (30 к.) доселени се од селото Себишта, Голо Брдо. Во родот се знае следното родословие: Абиб (жив на 40 г. во 1980 година) Шабан-Џемаил-Рустем, основачот на родот кој се доселил; Лешко (15 к.) доселени се од селото Лисичани, Голо Брдо, го знаат следното родословие: Скендер (жив на 72 г. во 1980 година) Азис-Далип-Каплан, се доселил споменатиот Далип кој живеел 120 години; Борова (12 к.) доселени се од селото Борово, Голо Брдо; Којовец (13 к.) доселени се од селото Којовец, Голо Брдо (Дебарско); Дока (5 к.) доселени се однекаде, старото презиме им е Нурелар; Абдулаји (15 к.) и Коџаџику (11 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско. Потеклото им е турско.[14]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите.

  • Родови во селото се: Коџа (2 к.) најстар род во селото, за нив некои велат дека се староседелци; Алимлар (3 к.) и Авдула (10 к.) доселени се одамна од Дебарско; Каличи (13 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Себишта, Голо Брдо; Себиштас (8 к.), Исеилар (4 к.) и Алај (15 к.) исто потекло како и претходниот род, доселени се помеѓу 1800 и 1820 година; Јашарлар (9 к.) порано зборувале македонски, доселени се од селото Јабланица, Дримкол; Борова (6 к.) доселени се од селото Борово во Голо Брдо; Алут (1 к.) доселени се од воглавно торбешкото село Клење, најверојатно се исламизирани Македонци; Коевец (21 к.) доселени се од селото Којовец, Голо Брдо; Коџаџикас (18 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско; Фида (8 к.) доселени се од областа Матија во северна Албанија; Дока (15 к.) доселени се од блиското село Поум околу 1845 год; Лога (1 к.) доселени се одма после претходниот род од истото село; Ќирос (1 к.), Ајдери (1 к.), Деко (1 к.), Ќафелар (1 к.), Куртиш (1 к.), Назмин (1 к.), Махмуд (1 к.) и Муса (1 к.) доселени се заедно во 1923 година од селото Песочани, Дебрца; Влаши (1 к.) доселен во 1947 година од селото Велешта; Исеин Тефик (1 к.) Ром е. Доселен како ковач од селото Волино, не се знае подалечното потекло.[15]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[16]
  • Герамидница — населба од доцноантичко време
  • Главина — црква и некропола од средниот век
  • Гробишта - Чифлик — населба и некропола од доцноантичко време
  • Кале — утврдена населба од железното, доцноантичкото време и средниот век
  • Латинска Црква — верски објект од доцната антика
  • Расница — населба од доцноантичко време со богата благородничка гробница од архајскиот период
  • Шаркуецка — црква и некропола од средниот век
  • Шекеими — црква од средниот век
Remove ads

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

  • Од родот Себиштас иселеници има во: Охрид (четири семејства од 1920 година).
  • И од родот Борова има во: Охрид (едно семејство од 1919 година)[15]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads