Расница (Корошишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Расница — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Корошишта. Претставува населба од доцноантичко време со богата благородничка гробница од архајскиот период (VI век п.н.е.). Се наоѓа јужно од наоѓалиштата Чифлик и Латинска црква. По површината на нивите се пронајдени фрагменти од керамички садови и питоси, а според кажувањата на мештаните, при обработувањето на земјата се наидувало на темели од објекти.[1] Во 2020 г. е пронајдена и раскошната гробница на месен благородник од предантичко време.[2]
Remove ads
Гробница
Во 2020 г. во месноста откриена импозантна гробница со должина од 7 и ширина од 4,5 м. Пронајдени се раскошни дарови кога мештанинот Букури Шемшедини открил шлем при орање на нивата.[2] Шлемот бил предаден на Заводот и музеј во Охрид. Ископувањата почнале во 2023 г. по добиената дозвола од сопственикот на нивата Шефит Шемшедини под водство на археологот Перо Арџанлиев. Во 2024 г. наодите да бидат претставени пред јавноста.[2] Покрај шлемот, најдени се бронзен штит[3], вредни златни предмети како нараквица, златен накит и разни фигуринки. Покојникот бил член на владејачко семејство кое го контролирало ова подрачје.
Наодите се споредливи со некрополата во Требеништа, но и со други најзначајни наоди на Балканот како гробницата Аларе (денес Архондико) во Ениџевардарско и Текелиево (денс Синдос)[2] во Слунско, обете во Егејска Македонија.
Remove ads
Поврзано
- Корошишта;
- Герамидница — населба од доцноантичко време;
- Главина — црква и некропола од средниот век;
- Гробишта - Чифлик — населба и некропола од доцноантичко време;
- Кале — утврдена населба од железно, доцноантичко време и среден век;
- Латинска црква — сакрален објект од доцноантичко време;
- Шаркуецка — црква и некропола од средниот век;
- Шекеими — црква од средниот век.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads