Грозда Домазетовска-Поповиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грозда Домазетовска-Поповиќ (20 април 1907 во Башино Село — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Животопис

Таа била шивачка. Пред војната учествувала во напрецното работничко движење. Од 1937 година до април 1941 година живеела во Скопје и била активна во работата на напредното младинско и женско движење. По окупацијата, се преселила во Гнилане и во јануари 1942 година била примена за член на КПЈ. Набрзо била избрана за член на Месниот Комитет и била одговорна по СКОЈ. Била затворена во 1943 година и со капитулацијата на Италија, а во септември 1943 година била ослободена. Во август 1944 година станала борец на Втората косовска бригада. Во ноември 1944 година била повлечена за работа во заднината и избрана за член на МК КПЈ - Гнилане. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе други одликувања.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads