Гросер Берберг

планина во Тирингија, највисока точка во покраината From Wikipedia, the free encyclopedia

Гросер Бербергmap
Remove ads

Гросер Берберг (германски: Großer Beerberg) — највисока планина во сојузната покраина Тирингија и највисока точка на венецот Тириншка Шума. Врвот достигнува надморска височина од 982,9 м[1]. Сместена е помеѓу селата Хајдерсбах, Голдлаутер и Гелберг во околината на градот Зул. Сочинета е од риолит (кварцен порфир) настанат со вулкански процеси во ротлигендската карпа на образбата Оберхоф пред 280 милиони години[2] и издигнат над околните слоеви во облик на соголено карпесто возвишение.

Кратки факти Гросер Берберг, Највисока точка ...

Помеѓу врвот на Берберг и источниот сосед Шнекопф (978 м) има пресека длабока 60 метри. На запад е Зомербахскопф (941 м).

На врвот на планината се наоѓа еден од малкуте голети на Тириншката Шума. Сè до крајот на 1980-тите тука имало кула-набљудувачница. Во поскоро време е поставена мал видиковец со извонреден поглед на југ и југозапад.

На потегот од Оберхоф до Шмике низ планината минува делница од далекусежната планинарска патека Ренштајг. Најблизок град е Зул.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads