Грчец

село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia

Грчецmap
Remove ads

Грчец — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2021 година, селото имало 36 жители.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е дел од Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото е оддалечено околу 10 км од Скопје и се наоѓа на планината Водно. Грчец е составено од две маала, Горни Грчец се наоѓа на Водно, а Долни Грчец во близина на Треска, поточно Матка.

Во северниот дел на Долен Грчец, крај свиокот на Треска се наоѓа маалото Чичино Село.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 12 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 94 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 120 жители.[3]

Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 95 жители Албанци муслимани.[4] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[7]

Според пописот од 2002 година, Грчец имал 1 жител Македонец.

Според последниот попис од 2021 година, Грчец има 36 жители, од кои 3 Албанци и 33 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Грчец е албанско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото биле:

  • Доселеници: Арцика (14 к.), Уколар (12 к.), Гаџалар (34 к.) и Врескало (28 к.) споменатите родови потекнуваат од предци доселени на почетокот од XIX век од Горна Река. Во селото Кракорница постои род Врескало. Од нив е родот Врескало во Грчец.[12]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[13]

Личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads