Кракорница

село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia

Кракорницаmap
Remove ads

Кракорница — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.530 м, со што претставува највисоко населено место во Македонија.[2][3]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Кракорница се наоѓа во горното сливно подрачје на реката Радика, меѓу планините Кораб и Шар Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 1.530 м, и се смета за највисоко населено место во Македонија. Оддалечено е 31 км од Гостивар. Атарот на селото зафаќа површина од 8,2 км2.[2]

Селото е поврзано со макадамски пат од Богдево, кој понатаму продолжува до селото Бродец.

Историја

Во XIX век, Кракорница било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Во периодот по Балканските војни, селото потпаѓа под српска власт.

Стопанство

Селото има главно сточарска функција. Во неговиот атар преовладуваат пасиштата на вкупна површина од 468 ха, потоа следуваат шумите на кои отпаѓаат 250 ха, додека обработливото земјиште зафаќа површина од само 92 ха.[2]

Население

Thumb
Шарената чешма во селото
Повеќе информации Година, Нас. ...

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кракорница било село со 80 домаќинства, при што населението го сочинувале 120 жители Албанци со христијанска и 85 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кракорница имало 180 жители Албанци со христијанска и 180 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кракорница се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 57 куќи.[6]

Според митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 година, во Крекорница имало 35 српски куќи.[7]

Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), населението на селото во 1905 година го сочинувале 210 Албанци.[8]

Во издание на весникот „Дебарски Глас“ од 1911 година е наведена статистика според која селото броело 64 албански патријаршиски куќи, но селото било зафатено со српската пропаганда.[9]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 година, Атанасиј Селишчев го забележал Кракорница како албанско село.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[11]

Бројот на населението започнал значително да се намалува во периодот од 1960-тите години, па така од 167 жители според пописот во 1961 година се намалил на 30 жители во 1994 година.[2]

Според пописот од 2002 година, во Кракорница имало 15 жители, сите Македонци. Во селото имало 3 домаќинства и 16 живеалишта.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

Како родови во селото се спомнуваат. Кросовит (6 к.), Врескаловит (12 к.), Томовит (7 к.), Угриновит (4 к.), Симановит (5 к.) и Маноловит (11 к.) сите православни. Родот Врескаловит поради богатството кое го поседувале биле нарекувани „паша“ многу христијани поради качачките напади се имаат иселено во Скопје и Гостивар.

За потеклото на населението ништо не се знае.[17]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Маврово и Ростуше, која настанала со спојување на поранешните општини Маврови Анови и Ростуша со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Маврови Анови.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната истоимена општина, во која влегувале и селата Богдево, Бродец и Ничпур.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Трница, во која влегувале и селата Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекеј, Жужње, Кичиница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Маврово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гостивар.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Архангел Михаил“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Манастири
  • Кракорнички манастир.
Реки
  • Кракорничка Река — десна притока на Богдевска Река.

Редовни настани

Селска слава на селото е празникот посветен на Архангел Михаил на 21 ноември. Но, мештаните одржуваат свеченост за прослава на црковната слава посветена на Архангел Гаврил на 26 јули, а посебен вид на прослава има и за верскиот празник Водици на 19 јануари.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads