Гулаб (соѕвездие)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гулаб — мало, слабосјајно соѕвездие создадено во доцниот XVI век. Името потекнува од латинскиот збор columba што означува гулаб. Се наоѓа јужно од Големо Куче и Зајак.
Remove ads
Историја

Соѕвездието Гулаб било осмислено од страна на холандскиот астроном Петар Планциј во 1592 година, за да ги оддели недефинираните ѕвезди во поголемото соѕвездие Големо Куче.[2] Планциј првично Гулаб го претставил на малите ѕвездени карти на неговата поголема ѕидна карта од 1592 година. Исто така е прикажано на помалата светска карта од 1594 година и на другите небесни глобуси.

Планциј првично соѕвездието го нарекол Гулабот на Ное („Columba Noachi“), во чест на гулабот кој му укажал на Ное дека завршила големата поплава. Ова име се сретнува на небесните глобуси и ѕвездени атласи во раниот XVII век (како Бајеровата Уранометрија од 1603 година.[3]). Гулаб исто така можно е да го претставувал и гулабот кој бил пуштен од Јасон и Аргонаутите на протокот на Црното Море, и им помогнал безбедно да ги поминат опасните Симплегади.[2]
Иако Планциј се смета за создавач на ова соѕвездие, постоењето на соѕвездието Гулаб може да му се додаде Климент Александриски, но не се знае дали се земени ѕвездите од ситата група.[4] Во продолжени ако се земе предвид и митолошката поврзаност на Гулаб со Јасон и Аргонаутите, и небесната положба на Гулаб над Крма, дел од соѕвездието кое некогаш се нарекувало Брод Арго, наведува дека ова соѕвездие можеби има антички корени, и покрај пропустот од страна на Птоломеј.[5][6]
На Друштвените острови, ѕвездата Алфа Гулаб (Факт) се нарекувала Ana-iva.[7]
Remove ads
Забележителности
Ѕвезди
Гулаб е неприметливо соѕвездие, најсјајната ѕвезда е Алфа Гулаб, со светлинска величина 2,7. Алфа Гулаб, е синобела ѕвезда која се нарекува и Факт, што значи „прстенест гулаб“. Алфа Гулаб е на растојание од 268 сг. од Земјата. Друга именувана ѕвезда во гулаб е Бета Гулаб, кој се нарекува и Вазн. Станува збор за портокалова џиновска ѕвезда со светлинска величина 3,1, на 86 сг. од Земјата.[2]
Гулаб е соѕвездие кое е во сончевиот апекс, Земјата и Сонцето се оддалечуваат од него како што системот се движи низ вселената.
Соѕвездието содржи и пребегната ѕвезда μ Columbae, која најверојатно била исфрлена од системот ι Orionis.
Далечни објекти
Во Гулаб постои едно збиено ѕвездено јато, NGC 1851, со светлинска величина 7 и на растојание од 35.000 сг од Земјата и истото може да се набљудува од среден аматерски телескоп.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads