Длето (соѕвездие)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Длето — слабосјајно соѕвездие на јужното небо, воспоставено во 1750 година од страна на Никола Луј де Лакај. Името на соѕвездието потекнува од латинскиот збор саelum што во превод значи длето, и првично било познато под името Caelum Scalptorium („Длетото на Граверот“). Станува зор за осмото најмало соѕвездие, и просторен агол од околу 0.038 стерадијани, само малку помалку од Јужна Круна.
Поради својата мала големина и местоположба од рамнината на Млечниот Пат, Длето е јалово соѕвездие, со само неколку соѕвездија од интерес. Најсјајната ѕвезда во соѕвездието, Алфа Длето, е само со светлинска величина 4,45, и само уште една ѕвезда (Гама1 Длето) е со светлинска величина поголема од 5. Други позначајни објекти во Длето се RR Длето, двојна ѕвезда со една планета на растојание од 65,7 сг. од Земјата, X Длето, и променливата Делта Штит која образува оптичка двојна ѕвезда со Гама1 Длето, и HE0450-2958 Сејфертова галаксија која првично наликувала на млаз без да се забележи галаксијата.
Remove ads
Историја

Длето за првпат било воведено во XVIII век од страна на Никола Луј де Лакај, француски астроном кој осмислил уште 13 други јужни соѕвездија во еден кус период.[3] Првичното име кое Лакај му го доделил на соѕвездието било Caelum Scalptorium „Длетото на Граверот“, и Францис Бејли го скратил името само на Длето по сугестија од страна на Џон Хершел.[4] Во оригиналната ѕвездена карта на Лакај, соѕвездието било прикажано како шило или пак бакрорез, за подоцна да се препознава само како длето.[4] Јохан Елерт Боде го предложил името во множина, Caela Scalptoris, но истото не било прифатено.[5]
Remove ads
Особености
Длето се граничи со Златна Рипка и Сликар на југ, Часовник и Еридан на исток, Зајак на север и Гулаб на запад. Со површина од 125 квадратни степени, е на 81 место по големина од 88-те современи соѕвездија. Може да се забележи на јужната полутопка за време на летото и целото соѕвездие е видливо во еден период од годината за жителите под 41 северен напоредник на северната полутопка.[1][б 1] Главниот астеризам се состои од четири ѕвезди кои се со светлинска величина поголема од 6,5.[1] Границите на соѕвездието се поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, и се опишани како дванаесетостран многуаголник. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата на овие граници се меѓу 04ч 19,5м и 05ч 05,1м,додека пак координатите на деклинацијата се движат меѓу −27,02° и −48,74°.[2] Меѓународниот астрономски сојуз ја прифатил кратенката од три букви „Cae“ за соѕвездието во 1922 година.[6]
Remove ads
Забележителности

Ѕвезди
Длето е слабосјајно соѕвездие, не поседува ѕвезди со светлинска величина поголема од 4 и смо две со светлинска величина поголема од 5. Лакај на шест ѕвезди им дал Бајерови ознаки, означувајќи ги од алфа до зета во 1756 година, но ја прскокнал епсилон и две блиски ѕвезди ги означил со гама. Боде ги проширил ознаките до Ро за останатите ѕвезди но повеќето не се користат.[5] Длето е многу на југ за ѕвездите од соѕвездието да имаат Фламстидови ознаки.[б 2]
Најсјајната ѕвезда, Алфа Длето, е двојна ѕвезда, која содржи ѕвезда со спектрална класа F која е на главната низа и со светлинска величина 4.,45 и црвено џуџе со светлинска величина 12,5, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[8][9] Бета Длето, уште една ѕвезда со спектрална класа F со светлинска величина 5,05, е уште подалеку, на растојание од 93,5 сг. од Земјата. За разлика од Алфа, Бета Длето е ѕвезда подџин, пред кус временски период ја напуштила главната низа.[10] Делта Длето, со светлинска величина 5,05, е ѕвезда подџин со спектрална класа B и на растојание од 700 сг. од Земјата.[11]
Гама1 Длето е двојна ѕвезда со првична ѕвезда црвен џин со светлинска величина 4,58 и втората ѕвезда со светлинска величина 8,1. И двете ѕвезди се на растојание од 181,3 сг. од Земјата. Двете ѕвезди не можат да се видат оддвоено во помали аматерски телескопи поради разликата во светлинските величини и малото ѓегусебно растојание.[12] Оваа ѕвезда образува оптичка двојна ѕвезда со неповрзаната X Длето (Гама2 Длето), и променлива ѕвезда од типот Делта Штит на растојание од 320,7 сг. од Земјата.[13] Станува збор за кратко периодични пулсирачки ѕвезди кои се користат како стандардни свеќи и се предмет на проучување на астросеизмологијата.[14] X Длето и самата е двојна ѕвезда, поточно допирна двојна ѕвезда,[15] што значи дека ѕвездите се толку близу една до друга што ги делат обвивките. Друга променлива ѕвезда видлива со голо око во спѕвездието е RV Длето, пулсирачки црвен џин со спектрална класа M1III,[16] чии светлински велеичини се движат од 6,44 до 6,56.[17]
Постајат и три ѕвезди кои сè уште се нарекуваат по своите Бајерови ознаки и можат да се видат со голо око во соѕвездието Длето. Ни Длето[18] е уште една двојна ѕвезда, која содржи бел џин со светлинска величина 6,07[19] и друга ѕвезда со светлинска величина 10,66 со непозната спектрална класа.[20] Овој систем е на растојание од 171,4 сг. од Земјата.[19] Ламбда Длето,[21] со светлинска величина 6,24, е многу поцрвена и подалечна ѕвезда црвен џин на растојание од 740 сг. од Земјата.[22] Зета Длето е подалечна послабосјајна ѕвезда со светлинска величина 6,36 на растојание од 430 сг. од Земјата, станува збор за ѕвезда со спектрална класа К подџин од спектрален тип K1.[23] Останатите 12 ѕвезди кои можат да се видат со голо око во Длето не се со Бајерови ознаки како што е на пример RV Длето.

Една од најблиските ѕвезди во Длето е еклиптичката двојна ѕвезда RR Длето, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[24] Овој систем се состои од темно црвено џуџе и бело џуџе.[25] И покрај близината до Земјата, привидната светлинска величина изнесува 14,4[24] поради слабиот сјај на ѕвездите и токму поради овие причини не може лесно да се забележи со помал амтерски телескоп. Во 2012 година, во овој систем беше пронајдена џиновска планета, и постои доказ а постоење на уште една планета.[26] Системот е во пост преносна фаза и го губи своето аголно забрзување што на крајот ќе предизвика пренос на масата од црвеното џуџе на белото џуџе. За отприлика од 9 до 20 милијарди години, ова ќе предизвика системот да стане катаклизмична променлива.[27]
Далечни објекти
Поради својата мала големина и местоположба надвор од галактичката рамнина на Млечниот, во Длето нема далечни објекти, и нема Месјеови објекти. Единствениот далечен објект во Длето кој е интересен за разгледување е HE0450-2958, невообичаена Сејфертова галаксија. Првично, оваа галаксија се покажала како тешка за наоѓање, како млазот од истата да потекнувал од никаде.[28] Некои астрономи предложиле дека станува збор за исфрлена материја од супермасивна црна дупка,[29] но сега се знае дека станува збор за мала галаксија која може тешко да се забележи поради млазот и блиската ѕвездородна галаксија.[30]
Remove ads
Поврзано
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads