Список на соѕвездија по површина

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Список на соѕвездија по површина
Remove ads

Ова е список на 88-те современи соѕвездија подредени по површината што ја зафаќаат на небото, изразена во квадратни степени.

Thumb
Водна Змија е најголемото соѕвездие.

Површината на секое соѕвездие ја определуваат неговите граници. Творец на денешните граници на соѕвездијата е белгискиот астроном Ежен Жозеф Делпорт кој ги прецизно ги утврдил и ги објавил во 1930 г. во трудот „Научно разграничување на соѕвездијата“ (Délimitation scientifique des constellations, Cambridge University Press) во име на Меѓународниот астрономски сојуз. Пред Делпорт, границите на соѕвездијата не биле јасно одредени.

Делпорт ги исцртал границите долж вертикални и хоризонтални замислени линии на ректасцензија и деклинација. Меѓутоа ова го изработил во епохата B1875.0, што значи дека границите на денешните ѕвездени карти (т.е. во епохата J2000) се веќе донекаде искосени и затоа повеќе не се совршено хоризонтални и вертикални. Оваа накосеност ќе се зголемува како што ќе течат годините и вековите, но таа не ја менува површината на соѕвездијата.

Повеќе информации Место, Семејство ...
Белешки
  1. Кратенки на семејствата на соѕвездија: Per=Персеј, Urs=Голема Мечка, Her=Херкул, Zod=Зодијачко, Ori=Орион, Wat=Небесни води, Bay=J, Бајерово, Lac=Лакајлово
  2. Вкупната површина на сите соѕвездија е вкупнаат површина на небото, што изнесува 4π стерадијани, или 4π × (180/π)2 квадратни степени, или приближно 41252,961 квадратни степени,
  3. „Квад“ = квадрант на небото: С = север, Ј = југ, од Квадрант 1, до Квадрант 4,
  4. Соѕвездието Змија се дели на два дела:
    Змиска Глава (428,484 кв. степ.; сдредишна точка: Рек: 15 46,49, Дек: +10 58,20) и
    Змиска Опашка (208,444 кв. степ.; средишна точка: Рек: 18 07,60, Дек: -04 51,73)
Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads