Гутниско наречје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гутниското наречје (Gutamål/Gutniska) — мајчин јазик на населението на островот Готланд во денешна Шведска. Во средниот век бил говорен и пишан јазик, но денеска постои само како говор, во извесна мера измешан со шведски, дански и германски. Останува отворено прашање дали гутнискиот треба да се смета за наречје или за посебен јазик. Јазикот е наследник на старогутнискиот, кој бил наречје на стронордискиот.
Готланѓаните (Гути) и другите Швеѓани го владеат јазикот релативно слабо. Се говори на во јужните делови на островот и некои делови од помалиот соседен остров Форе. Постојат две варијанти: главен и форски говор. Форскиот се смета за поархаичен.
Особеност на гутнискиот се зачуваните старонордиски дифтонзи како ai (на пр. stain; швед. sten = камен) и oy (на пр. doy; швед. dö = „умира“). Има и трифтонг што не постои во ниеден друг нордиски јазик: iau (на пр. skiaute/skiauta; швед. skjuta = „стрела“).
Remove ads
Споредба со други германски назици
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
- Гутниски јазик Архивирано на 17 мај 2006 г.
- За гутнискиот јазик од Босе Карлгрен
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads