Дабница
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дабница — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Сместено е на падините на планината Бабуна, во северниот дел на регионот Пелагонија.
- За селото Дабница во Пиринска Македонија, видете овде
Remove ads
Географија и местоположба
Дабница се наоѓа на падините на планината Бабуна, северно од градот Прилеп.
Историја

Дабница е старо село населено уште од антиката, за што сведочат бројните археолошки наоѓалишта. Во 1337 година, половина од Дабница кралот Стефан Душан ја приложил на манастирот Трескавец.[2] За време на турското ропство, селото било раселено, а потоа повторно е обновено. Селото било обновено од Македонци кои се доселиле од други населби кон крајот на XVIII век.[2] За време на турското ропство цела земја на селото припаѓала на манастирот Трескавец (во 1912 година манастирот во ова село имал околу 700 овци и кози).[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Д-б-н-ч-а имало 13 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[3]
Кон крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
На 23 октомври 1941 година кај местото Гарван, кај Дабница бил формиран Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“.
Во 1942 г. се случил Масакрот кај Дабница извршен од бугарските окупаторски сили.
Remove ads
Население
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабница се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Дабница е македонско православно село, иако во него има и Роми, доселени од поново време. Родовите македонски во селото се сите доселенички.
Според истражувањата од 1954 година, родови во Дабница се:
- Доселеници: Анѓеловци (2 куќи) најстар род во селото, доселени се однекаде; Секуловци (7 куќи) потекнуваат од предокот Секула кој се доселил околу 1804 година од селото Крушеани; Коруновци (5 куќи) доселени се кога и Секуловци од Дебарско; Бешировци (3 куќи) доселени се однекаде, имаат роднини во Прилеп (Големџиковци); Наневци (2 куќи) и Кремчевци (2 куќи) и они се доселени однекаде; Трајковци (4 куќи) дошол Трајко од Крушеани; Рапешовци (3 куќи) доселени се од село Рапеш во Мариово.[2]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1441 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — селска црква
- Манастири
- Трескавец — познат средновековен манастир во крајниот северозапад на атарот
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Караташ — некропола од римско време
- Градиште — неопределено наоѓалиште од непознат период
- Св. Петка — црква од непознат период
- Кукул — неопределено наоѓалиште од непознат период
- Бунар — населба од доцноантичко време, кај Трескавец
- Гробови во Карпа — некропола од римско време, кај Трескавец
- Гумење — некропола од хеленистичко и римско време, кај Трескавец
- Златоврв — населба и базилика од хеленистичко, доцноантичко и старохристијанско време
- Манастирски Дол — населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време
- Црква Св. Богородица — осамени наоди, населба и црква од раноантичко, римско и старохристијанско време и средниот век, околу манастирската црква на Трескавец
Remove ads
Личности
Личности родени во Дабница:
Иселеништво
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Од 1912 во Прилеп се имаат иселено околу 40 семејства. Од родовите Секуловци, Коруновци, Бешировци, Наневци, Трајковци и Кремчевци.[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads