Дагмар Оровчанец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дагмар Оровчанец (словенечки: Dagmar Orovčanec; родена во Љубљана - починала во Скопје на 25 декември 2017 ) — истакнат македонски гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област.
Remove ads
Животопис
Професор д-р Дагмар Оровчанец е родена во Љубљана, Словенија. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професинолана кариера ја продолжила во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет, УКИМ – Скопје каде специјализирала, докторирала и супспецијализирала во облата на гастроентерохепатологија. Докторатот и бил во 1999 година на тема „Евалуација на местото и улогата на нехирушко лекување на хемороидната болест со интервенти ендоскопски методи“.
Како професор на Медицинскиот факултет во Скопје била исклучително посветена на факултетот, на студентите, специјализантите, магистрите и докторандите. Од 2007 година била дел од тимот на приватната болницата “Ре Медика” во Скопје.[1]
Професор д-р Оровчанец била сопруга на поранешниот министер за здравство и политичар, истакнат доктор Ѓорѓи Оровчанец.
Починала во Скопје на 25 декември 2017 година.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads