Ѓорѓи Оровчанец
Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ѓорѓи Оровчанец (роден на 10 септември 1951 во Прилеп) — македонски лекар, професор и политичар. Во периодот од 13 мај 2001 до 1 ноември 2002 година бил министер за здравство на Република Македонија.
Remove ads
Биографија
Ѓорѓи Оровчанец е доктор по медицински науки - специјалист по оториноларингологија[1]. Работел како универзитетски професор. Во периодот по Воениот конфликт во Македонија бил министер за здравство. По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2002 година, Оровчанец бил избран за пратеник во парламентарниот состав од 2002 до 2006 година. По повлекувањето на Љубчо Георгиевски од водачката функција на ВМРО-ДПМНЕ и основањето на ВМРО-НП, Оровчанец станал член на новоформираната партија и влегол во пратеничката група на партијата по изборите во 2006 година. На 1 март 2007 година Оровчанец објавил дека ја напушта партијата. Во ноември 2007 година Оровчанец ја основал партијата Нова алтернатива, а тој станал нејзин претседател [2].
Како пратеник бил член на Комисијата за надворешна политика и Комисијата за здравство, како и член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска и Република Индонезија [3].
Ѓорѓи Оровчанец професор на ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грло[4] и работи во клиниката Ре-медика.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads