Берово
град во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Берово — град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини, чии општински граници се простираат на површина од 598 км2. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани.
Remove ads
Етимологија
За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии.
Според првата, тоа го добило своето име по името на некојси сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар.
Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селца, Рибница, Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите малешевски села.
Remove ads
Географски одлики
Берово е сместено во источниот дел на Македонија во областа Малешевија, односно Малешевската Котлина на 846 метри надморска височина. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име "малеш - планина". Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината. Во близина на Берово се наоѓа вештачкото Беровско Езеро, коешто поради недопрената природа и чистиот воздух претставува поволно место за развој на туризмот и околу езерото изградени се неколку туристички капацитети.
Remove ads
Историја
Османлиски период
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621-1622 година е забележано селото Берова, кое заедно со еврејската маала имало вкупно 55 домаќинства. Во 1830 година во Берово е отворено ќелијно училиште, каде учителствувал Петар Клисаров од Штип.
Во селото Разловци во близината на Берово, во 1876 година е дигнато познатото Разловечко востание на чело со легендарниот македонски револуционер од овој крај Димитар Поп-Георгиев Беровски кој е роден во градот Берово.
Под српска окупација
За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) Берово страда силно.[1] Србоманските четниците на Јован Бабунски потпомогнати од српските жандарми и од војниците, имаат извршено повеќе злосторства и во населените места во Малеш, во Пијанец и во Кочансковиничкиот регион.[1] По наредба на командантот на „Црната рака” Воин Поповиќ, четниците на Јован Бабунски жандармеријата и специјалните воени единици во Малеш и Пијанец во пролетта и летото на 1914 година убиле, претепале и уапсиле неколку стотици мажи, жени, деца и старци.[1]
Од бележникот − спомените на монахињата баба Кирикија може да се види како српските четници и жандармите на Јован Бабунски крваво се пресметале со една група осомничени граѓани од Берово и од селата, во август 1914 година. Еве како е опишан овој настан: „Групата беше поголема. Во манастирските конаци беа затворени и чувани со удвоена стража. Жандармите во вечерните часови ги избираа жртвите и ги водеа во црквата „Света Богородица” каде што ги мачеле и убивале, а потоа мртвите трупови исчезнувале без трага. На неколкумина до денес не им се знаат гробовите.[1] Неколку трупови се пронајдени подоцна, зариени под еден брег, а други беа пронајдени масакрирани дел по дел. На таков начин е погубена и попадијата Ордана Смокварска од с. Будинарци, ќерка на поп Јован од Берово. Нејзината ќерка Катерина, трагајќи по трупот на својата мајка пронашла само делови од главата, една рака и една нога. Расфрлани делови од човечки трупови, тогаш, можеа да се најдат насекаде.”[1]
Монахињата Кирикија од Берово во своите спомени се потрудила да ги забележи имињата на сите од српските четници и жандарми масакрирани граѓани и тоа: Нико Трендов, Ефтим Чиплаков, Јордана (Ордана) поп-Иванова Тренчева, сестра на Нико Тренчов, Никола Иванов Фиданков, Георги Иванов Прдлев, Јован Црцев, Ефтим Тренчов, (Аце), син на Нико Тренчев, Софија Јов. Петрова, Султана Јантинска (веројатно се работи за жената и мајката на Ефтим Чиплаков), Георги Двојаков, Гаврил Грков, Гаврил Пецов, Јане Кофчегарски, Илија А. Кофчегаров, Јана Иванова Телеграфчиева, Елена Иванова Кофчегарска, Никола К. Манов, Атанас Иванов, Ефтим (Тимо) Ценев, Мехмед-оџа, Глигор Кирачев, Никола Миличин, Михаил Кржевски, Гаврил Ников и др. вкупно 27−30 души.[1]
Овие затвореници биле изложени на толку морничави измачувања, кои и денес, по толку изминати години потресно дејствуваат и се пренесуваат од постарите на помладите поколенија. Имено, обвинети, како поранешни членови на Комитетот за евакуација на населението за време на Втората балканска војна, и како сегашни членови на Комитетот за прифаќање на воени дезертери и префрлување на бегалци во Бугарија и во Струмица, српските четници и жандармите ѕверски се нафрлиле врз нив и ги парчосувале на делови, а од крвта биле флекосани скоро сите простории на црквата во Берово. Штом поминало ова зло, соседите на црквата „Света Богородица”, уште наредниот ден по масакрот, потајно проговориле за начинот на кој биле ликвидирани жртвите. Всушност, поголемиот број од нив биле испотепани уште за време на распитот. На секоја од жртвите имало по четворица до пет џелати. Ги фаќале за рацете и нозете и така замавнувајќи, им ги разбивале главите од ѕидовите на црквата. Наредниот ден по злосторството, соседите што живеат околу црквата нашле делови од истечените мозоци по подот и по ѕидовите на црквата.[1]
Два до три дена по злосторството, од страв да не ги снајде иста судбина, во Бугарија и во Струмица пребегале: 20 души од Берово, 10 од Пехчево, 22 од Ратево, 50% од населението на с. Русиново и 10−15 семејства од селата Владимирово и Мачево. По овој настан, црквата „Св. Богородица” во Берово не ја посетувале верниците, се до летото 1924 година, кога по втор пат била осветена. Српските четници и жандармите со посебна жед за одмазда се пресметувале особено со свештевиците и учителите кои живееле во пограничните краеви спрема Бугарија. За потврда на тоа зборуваат неколку изворни документи. Иако куси по содржина, тие даваат јасна слика на мачителите и на мачениците.[1]
Втората светска војна
Вкупно 38 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Remove ads
Клима
Берово кое е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови.
Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина. На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 11,1 °C , а во Берово 8,7 °C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10 °C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18 °C. Просечната годишна минимална температура е 2,8 °C, а просечната максимална температура е 15,3 °C. Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември. Просечниот годишен износ на врнежи е 672 мм /м3. Главен максимум паѓа во мај, просечно околу 76,8 мм /м3, а секундарен во ноември -64,3 мм /м3. Главниот минимум е во август, просечно со 37,6 мм /м3, а секундарен во февруари. Бројот на врнежливи денови годишно изнесува 118. Во просечната годишна сума на врнежи снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај. Просечно,годишно има 42,2 дена под снежна покривка.[3]
Релативната влажност на воздухот се смалува од јануари до август, а потоа од декември се зголемува, а просечната влажност на воздухот е 76 %. Просечната годишна сума на траење на сончевото зрачење изнесува 2.347 часа или 6,4 часа дневно, со максимум во јули од 10,2 часа дневно, и со минимум во декември од 3 часа дневно. Во Беровската Котлина маглата е ретка појава, годишно има само 8,4 магливи денови. Појавата на град е ретка, просечно се јавуваат 2,9 дена со град. Сланата е со помала зачестеност и се јавува 70 дена во годината, од септември до мај. Во Беровската Котлина се јавуваат ветрови од сите 8 светски правци, но преовладува северниот, со зачестеност од 147 % и брзина од 2,4 м /сек., кој е најмногу застапен во јануари, февруари и во март
Remove ads
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Берово живееле 2.940 жители, од кои 2.300 Македонци христијани, 600 Македонци муслимани и 40 Роми.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, градот имал 3.150 Македонци и 50 други жители.[5]
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Беровскиот срез имало 18.144 жители, од кои 3.619 во градот Берово, 1.687 во Пехчево, а 12.838 во селата во областа Малешевија. Од етнички аспект, населението го сочинувале 17.538 (96,6 %) Македонци, 313 (1,72 %) Роми, 152 Срби, 81 Турчин и 60 останати.[6]
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 7.002 жители и спаѓал во групата на мали градови.[7] Етнички гледано, населението е составено од:[8]
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[8]:
- Вероисповед
Во Берово се застапени следните религиски групи[8]:
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Берово:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Берово има 5.850 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 5.198 |
Албанци | 1 |
Турци | 60 |
Роми | 339 |
Власи | 1 |
Срби | 8 |
Бошњаци | 6 |
Други | 237 |
Remove ads
Стопанство
Населението во градот и целата Малешевска област се занимава претежно со земјоделство. Поради специфичноста на земјиштето во Малешевијата најмногу се одгледува компир, по кој Берово е надалеку познат. Исто така Берово е познато и по беровското бело сирење. Со планот за изградба на граничен премин кон Бугарија со кој Берово би се поврзало со Сандански значајно би се подобрило стопанството на целиот регион.

Remove ads
Цркви

Берово има четири цркви, две капелни цркви плус една црквичка во месноста Туртела[9], каде монахињите од манастирот "Свети Архангел Михаил" поседувале манастирски имот, каде што чувале стока, а во црквичката обавувале богослужба односно молидбени обреди. Беровскиот манастир „Св. Архангел Михаил“, и женската сестринска задница одиграле голема улога во духовноста, просветеноста и ослободителните идеи на народот во Малешевијата. Најстара од четирите цркви e манастирската, која се наоѓа во комплексот "Свети Архангел Михаил". Потоа, во крајниот горен дел на градот се наоѓа црквата "Света Богородица", а во центарот постои исто така убава црква која го носи името "Света Богородица". Во сосема крајниот северен дел на градот, кај градските гробишта се наоѓа црквата "Свети Тодор", а двете капелни црквички се наоѓаат исто така во крајниот југоисточен дел на Берово и тоа "Свети Ѓорѓи" и "Света Богородица". Сите цркви се градени во 18 и почетокот на 19 век. Најуредена во внатрешниот дел е црквата во манастирскиот комплекс "Свети Архангел Михаил". Иконостасите се изработувани од страна на прочуените дрворесци Ацко Арнаутов, Атанас Соколов и Коста Павлов. Иконите се творба на далеку познатиот зограф од Берово Гаврил Атанасов, кој занаетот го изучил во Света Гора. Во 2013 година поставен е камен темелник на црквата „Св. Гаврил Лесновски“.[10]
Манастирот „Св. Архангел“ што се наоѓа во Берово е единствениот манастир кај нас во кој непрекинато се одвива монашки живот веќе 153 години, токму онолку колку што се стари и конаците. Манастирот е женски, а монаштвото го започнала сестра Евгенија во 1848 година. За изградбата на црквата "Св. Богородица" и зачетоците на сестринството во манастирот, во Берово се раскажува легенда за која дури и црквата вели дека е вистинска случка. Архивирано на 7 март 2009 г.
Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е машки манастир кај Берово. На ова место имало црква посветена на Успение на Пресвета Богородица која била обновена и прилагодена за монашки живот, па со тоа е преобразена во Манастир. Во 2002 година, од Водочкиот манастир со благослов на владиката Наум тука се доселило тричлено братство. Така за првпат во Берово беа ставени почетоците на машкото монаштво. Самото наоѓалиште има посебно значење за беровчани, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресвета Богородица.
Remove ads
Археолошки наоѓалишта
- Бреза — населба од доцноантичкото време;
- Врчвите — некропола – тумули од железното време;
- Градиште — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Долно Градиште-Јабланица — населба од римското време;
- Келаклевец — населба од доцноантичкото време;
- Ковачилница — утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век;
- Куќата — населба од римското време;
- Линако — населба од доцноантичкото време;
- Пашајлов Преслап — населба од доцноантичкото време;
- Попов Рид — градиште од доцноантичкото време;
- Свети Архангел Михаил — средновековни јами;
- Селца — населба од римското време;
- Шабанско Градиште — градиште од доцноантичкото време; и
- Широк Дол — могили од доцноантичкото време.
Remove ads
Инфраструктура

Градот Берово се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и е поврзан со сообраќајниот систем на државата само со системите на патна мрежа и меѓуградскиот сообраќај на патници. Општината Берово е поврзана со два регионални патни правци према внатрешноста на Република Македонија, со:
- Р-527-Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин) и
- Р-523-Делчево-Пехчево-Берово-Струмица и
- Р-524-Берово-Клепало (граница Р. Бугарија), кој не е активен поради неоформеност на структурата од страна на Република Бугарија, но има одобрено средства од Европска Унија и од октомври 2005 година, е почнат со изградба.
- Р-603-Берово-Подареш-Радовиш е во форма на проектирање. Сите селски населби од општината се поврзани со градот Берово со асфалтирани локални патишта. Локалните патишта се со вкупна должина од 26,4 км и 109,94 ха од кои 14% се неасфалтирни земјени патишта. Од градските улици 27,94 км се асфалтирани и зафаќаат површина од 175,8 м2.
Основната улична мрежа на градот Берово ја сочинуваат ул. “Маршал Тито”, која се протега во источниот дел на градот и минува по целата негова должина и е дел од регионалниот патен правец Р-524 Берово- Клепало; ул “Новопроектирана” е обиколната сообраќајница поставена северозападно од градот и е дел од регионалниот патен правец Р-523 Делчево, Пехчево, Берово, Струмица; ул ”Борис Кидрич”; ул “Гоце Делчев”; ул “Партизанска”; ул “23ти Август” и ул “Илинденска”. Локалниот транспорт помеѓу Берово и околните населени места се одвива со јавен автобуски превоз, такси превоз и велосипеди или мотори. Во центарот на градот се наоѓа меѓуградската автобуска станица. Преку меѓуградскиот автобуски превоз Берово се поврзува со другите градови во државата и надвор од неа. Со отворање на граничниот премин према Република Бугарија се очекува да се зголеми честотата на автобуси и патници
Култура

Музеј на град Берово
Овој објект, за кој беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. изграден е на крајот на 19 век, па до осумдесеттите години на минатиот век имал различна намена, секогаш поврзана со дел од административните функции на градот- училиште, суд, библиотека. За жал, после тоа беше оставен на забот на времето, кој го претвори во непријатна глетка во самиот центар на Берово, опасна зона за пешаците поради елементите кои паѓаа и прашање на време беше моментот кога зградата ќе се урне. Но во соработка со невладините организации Амброзија и Берани најпрвин се обезбедиле средства за реконструкција преку проектот на Светска банка „Развој на општините и културата“. Сега објектот ги има сите атрибути што ги заслужува еден музеј
Домот на културата „Димитар Беровски“
![]() |
Говор на стар човек од Берово на месниот малешевско-пирински дијалект |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Домот на културата „Димитар Беровски“ е единствената институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот во општина Берово. По ослободувањето во 1946 година за потребите кои се наложувале во Берово бил формиран „Работнички универзитет“ и „Народна библиотека“. Се организирале вечерни школи за описменување на населението, разни курсеви за потребите на работните организации, се одржувале предавања и трибини за општествено политичките односи и случувања во земјата.
Преку работничкиот универзитет кој го добил името „Моша Пијаде“, делувале и фолклорни групи и поединци кои по повод на значајни државни празници настапувале во Берово и населените места во општината, а сосема ретко и надвор во другите градови во Македонија. Подоцна во составот на Работничкиот универзитет „Моша Пијаде“, било отворено и првото кино во Берово. Кино „Малеш“ како што било именувано најпрвин почнало со работа во старата сала Соколана како што била наречена пред војната, а тогаш преименувана во „Партизан“.
Во 1953 година со доброволна работа била изградена кино сала, која и денес постои, а во која покрај ретките кино претстави се одржуваат и концерти, театарски претстави и други слични манифестации.

Кон крајот на шеесеттите години било отворено првото јавно гласило во општината „Радио Берово“ кое во составот на Домот работи до крајот на седумдесеттите, кога се оделува и работи како самостојно правно лице.
Remove ads
Личности
Родени во Берово
- Дедо Иљо Малешевски (1805 - 1898), македонски ајдут и револуционер
- Димитар Поп Георгиев Беровски (1840 - 1907), македонски револуционер
- Никола Малешевски (1852 - 1935), македонски револуционер
- Атанас Раздолов (1872 - 1931), македонски револуционер и поет
- Димитар Ацев (1893 - 1923), македонски комунист
- Јагница Гаврилова Бисковска (1917-) — учесник во НОВ на Македонија
- Константин Поп Георгиев, македонски револуционер
- Марија Поп Георгиева, македонска ајдутка, сестра на Дедо Иљо Малешевски
- Никица Клинчарски (1957 - 20??), поранешен играч на Партизан и на Југославенската фудбалска репрезентација
- Никола Пехчевски (1976 - 2001), македонски бранител
Починати во Берово
- Ацо Караманов (1927 - 1944), партизан починал кај местото наречено превалец
Remove ads
Галерија
- Установа во Берово
- Станбена зграда во градот
- Брегалница низ градот
- Стопанска банка во Берово
- Скејт-парк на брегот на Брегалница
- Улица во Берово
- Полициската станица во градот
- Здравствениот дом во градот
- Скејт-паркот пред зградата на Стопанска банка
- Брегалница низ Берово
- Поштата во Берово
- Центарот на Берово
- Основно училиште "Дедо Иљо Малешевски"
- Црква Св.Теодор Тирон
- Поштата во Берово
- Беровска берберница
- Беровско езеро
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads