Дебарски Санџак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дебарскиот санџак (турски: Debre Sancağı) бил еден од пониските административни единици во состав на Отоманското Царство, со седиште во Дебар.[1]
Remove ads
Територијална поделба
Покрај Дебар и околината, овој санџак ги вклучувал Дебрца и Долна Река кои денес се дел од Република Македонија, но и областите Мат и Кроја што денес влегуваат во рамките на Албанија. Во XIX и XX век, Дебарскиот санџак бил поделен на кази:
- Дебарска Каза
- Долнодебарска Каза
- Реканска Каза
- Елбасанска Каза
- Матска Каза.[2]
Во 1864 година започнала административна реформа во Отоманското Царство, со формирање на поголеми административно-управни единици вилаети по пример на француските департмани. Реформата го вклучила и дебарскиот санџак кој таа година заедно со Призренскиот и Скадарскиот санџак влеговл во рамките на Скадарскиот вилает. Во 1871 година кога е формиран Призренскиот вилает во неговиот состав покрај Призренскиот и Скопскиот санџак влеговл и Дебарскиот.
Призренскиот вилает бил расформиран во 1875 година, кога санџаците во Призрен, Скопје и Дебар биле додадени кон Битолскиот вилает. Во јануари 1877 година Отоманското Царство повторно спровела реорганизација на вилаетите во Европа. На границите со Кнежевство Србија и Кнежевство Црна Гора со кои Отоманското Царство било во војна, формиран бил Косовски вилает со центар во Приштина, во чиј состав влегол и Дебарскиот санџак.
Повторно е вратен кон Битолскиот вилает во 1879 година, каде останал сè до 1913 година, кога по Првата балканска војна и по Лондонската конференција, бил поделен меѓу Кралство Србија и Кнежевство Албанија.[3][4][5][6][7]
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads