Скадарски Вилает

From Wikipedia, the free encyclopedia

Скадарски Вилает
Remove ads

Скадарски вилает (турски: İşkodra Vilayeti, Vilayet-i İşkodra; албански: Vilajeti i Shkodrës) бил вилает на Отоманското Царство од 1867 до 1913 година. Се протегал на просторот на денешна Црна Гора и Албанија. Кон крајот на 19 век вилаетот опфаќал површина од 13.800 км2.[1]

Thumb
Скадарскиот вилает во 1900 година

Историја

Скадарскиот вилает бил основан во 1867 година[2] со спојување на Скадарскиот и Дебарскиот санџак. Скадарскиот санџак бил основан по османлиското освојување на Скадар во Опсадата од 1478—1479 година. Голем дел од Кнежевството Зета бил припоен кон Скадарскиот санџак во 1499 година.[3] Оваа територија во 1514 година била издвоена од Скадарскиот санџак, и од неа бил формиран нов независен Црногорски санџак, со кој владеел Скендербег Црноевиќ. По неговата смрт во 1528 година, Црногорскиот санџак бил припоен кон Скадарскиот санџак со одреден степен на автономија.[4]

Во 1867 година Скадарскиот санџак бил споен со Скопскиот санџак со што се формирал Скадарскиот вилает. Во вилаетот влегувале Скадарскиот, Дебарскиот и Призренскиот санџак. Во 1877 година Призренскиот санџак влегол во состав на Косовскиот вилает, а Деберскиот санџак во состав на Битолскиот вилает, а градското подрачје на Драч станало Драчки санџак. По Руско-турската војна во 1878 година Бар, Подгорица, Спуж и Жабљак биле приспоени кон Црна Гора. Улцињ се споил со Црна Гора во 1881 година.[5]

Во текот на 1912 и почетокот на 1913 година, Скадарскиот вилает го освоиле државите од Балканската лига. Територијата на вилаетот влегла во рамките на Кнежевство Албанија во 1914 година, врз основа на мировниот договор потпишан на Лондонската конференција во 1913 година.[6]

Remove ads

Административна поделба

Скадарскиот вилает го сочинувале следните санџаци:[7]

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads