Девџели
поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Девџели — поранешно село во Гевгелиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало северно од Ругуновец, близу границата со Р Македонија. Преку границата се атарот на Стојаково и вонградското подрачје на Богданци. Лежиело на јужното подножје на планината Карабалија.
Историја
На почетокот на XX век Девџели било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Девџели (Девеџелиј) имало 300 жители Турци.[1]
По Втората балканска војна во 1913 г. селото влегло во состав на Грција. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. вели дека Девеџели се состои од 50 турски куќи.[2]
Денес топонимот опостојува на тоа место, и се протега од обете страни на границата под варијантите „Девџели“, „Девџелиско Брдо“[3] и „Довџелии“[4].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads