Демирли

село во Правишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Демирлиmap
Remove ads

Демирли (грчки: Σιδηροχώρι, Сидирохори, до 1926 г. Δεμιρλή, Демирли[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 171 жител (2021).

Кратки факти Демирли Σιδηροχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа околу 2 км јужно од патот ЕО2 (Смрдеш-Бахчеќој) и околу 13 км југозападно од гратчето Правишта, во северните падини на планината Лути Рид, на надморска височина од 115 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Демирли било турско село во Правишката каза на Драмскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Демирли:

Демирли, муслиманско село; има една џамија и едно муслиманско училиште. Жителите се Турци-Јуруци и се занимаваат со земјоделие. Од градот е оддалечено на 3 часа растојание.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Демирли имало 360 жители Турци.[5]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 249 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 213 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 62 бегалски семејства (вкупно 265 бегалци) од Мала Азија, така што селото станало бегалска населба.[6][3] Во 1927 година, името на селото било променето во Сидирохори (Σιδηροχώρι)[2], во превод „железно село“.

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 317 жители.[3]

Remove ads

Стопанство

Поради својата положба, селото располага со скудна земја. Населението произведува тутун, пченица и други земјоделски производи, а се занимава и со краварството.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Пиери со седиште во селото Моштијан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Девекли, во кој влегува и истоименото село.

Личности

Починати во Демирли

  • Панајотис Димарас (?–1897) — грчки револуционер

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads