Дервен (Долно Коњари)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дервен — археолошко наоѓалиште во скопското село Долно Коњари. Претставува населба од младото камено време. На 2 км западно од селото, на левата на асфалтниот пат Скопје-Коњари, на блага падина, во нивата на ЗИК „Скопско Поле“, која зафаќа површина од 350 × 75 м, се среќава голем број делови од керамички садови. Повеќето од нив се украсени во барботин и импресо-техника, а од облици има пехари на висока конусна нога, грниња, жртвеници, ситна антропоморфна пластика и др. Голем е бројот и на уродијата од кремен и камен.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads