Долно Коњари
село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинското средиште Петровец и на 29 километри југоисточно од градот Скопје.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ѓурелери Зир и имало мешано христијанско и муслиманско население, каде имало 19 христијански[2] и 24 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи христијани, со 9 новороденчиња и 85 мажи муслимани со 8 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 312 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 310 жители.[4]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Долно Коњари живееле 280 жители, од кои 240 Турци и 40 Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Турци.[6]
Во 1971 година во Долно Коњари живееле 596 жители, од кои 20 Македонци, 64 Албанци, 193 Турци, 10 Срби и 309 останати.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 704 жители, од кои 568 Бошњаци, 121 Албанец, 7 Македонци, 6 Турци и само двајца останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 796 жители, од кои 8 Македонци, 140 Албанци, 8 Турци, 597 Бошњаци, 1 останат и 42 лица без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Родови
Долно Коњари било турско село, денес е доминанто бошњачко
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:[10]
Родови од турско потекло (Коњари-јуручко)
- Доселеници: Есе-Пашалар (16 к.) они се анадолски доселеници. Кон крајот на XVIII век нивниот предок Есед-Паша, се населил во соседното село Средно Коњари. Таму останале потомците на тој паша. А еден од синовите на Есед-Паша се населил во Долно Коњари. Жителите на овој род потекнуваат од тој син; Алколар (15 к.), Доналари (14 к.), Сејдолари (11 к.), Даутлари (9 к.), Скачкалари (9 к.), Јуруклери (6 к.) и Шерколари (3 к.) тие се Турци-Јуруци. Во Долно Коњари се доселиле од некое село во Овче Поле. Во родот Алколари го знаат следното родословие: Муарем (жив на 46 г. во 1953 година) Беадин-Батлиман-Алко, основачот на родот кој се доселил.
Родови од албанско потекло
- Доселеници: Елез Пала (21 к.) доселени се од Дебарско. Го знаат следното родословие: Нијаз (жив на 30 г. во 1953 година) Раман-Зејнула-Исен-Елез, кој се доселил; Емин-Буљукбаша (18 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Асип (жив на 25 г. во 1953 година) Сабедин-Ештрев-Али-Емин, основачот на родот кој се доселил.
Ромски родови
- Доселеници: Фазлијини (1 к.), Али-Дамини (1 к.) и Куртишеви (2 к.) првите два рода во селото живеат од поодамна. Додека последниот род е доселен од селото В. Трновца кај Бујановац.
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Дервен — населба од неолитското време. На 2 кмзападно од селото, на левата страна на асфалтниот пат Скопје - Коњари, на блага падина, во нивата на ЗИК „Скопско Поле“, која зафаќа површина од 350 × 75 м, се среќава голем број фрагменти од керамички садови. Повеќето од нив се украсени во барботин и импресо-техника, а од облици има пехари на висока конусна нога, грниња, жртвеници, ситна антропоморфна пластика и др. Голем е бројот и на орудијата од кремен и камен.
- Долно Коњари — депо на средновековни монети. Во Музејот на Македонија во Скопје се чува депо од 2.400 бакарни скифати од XII-XIII век, пронајдени во околината на Долно Коњари.
- Ограѓе — населба од римското време. На 200 м западно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, на површина од околу 0,5 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.
Remove ads
Редовни настани
Личности
- Зеќир Рамчиловиќ (р. 1975) - македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 година.[11]
Култура и спорт
Иселеништво
Во селото порано живееле и православни Македонци. Тие потоа се иселиле во Горно Коњари (таму се родовите Долноселци, Чакареви), Сушица (Долноселци).
Од 1912 година од селото почнало да се иселува и муслиманското население. До 1953 година во Турција се иселиле 14 семејства.[10]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads