Дејвисов Проток

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дејвисов Протокmap
Remove ads

Дејвисов Проток (англиски: Davis Strait, дански: Davisstrædet француски: Détroit de Davis) — северен крак на Лабрадорското Море, сместен меѓу среднозападен Гренланд и Бафиновата Земја (Нунавут, Канада). Протокот го носи името на англискиот истражувач Џон Дејвис (1550–1605), кој прв се нашол во ова подрачје барајќи „Северозападен Премин“.

Thumb
Дејвисовиот Проток помеѓу Лабрадорското Море и Бафиновиот Залив
Remove ads

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Дејвисовиот Проток се следниве:[1]

На север: јужниот крај на Бафиновиот Залив [напоредникот 70° СГШ помеѓу Гренланд и Бафинова Земја].

На исток: југозападното крајбрежје на Гренланд.

На југ: напоредникот 60° СГШ помеѓу Гренланд и Лабрадор.

На запад: источниот крај на северозападните премини јужно од 70° СГШ [источното крајбрежје на Бафинова Земја до нејзиниот југоисточен крај Ист Блаф] и Хандсоновиот Проток [линија од Ист Блаф, (61°53′N 65°57′W), до ‘ртот Меридијан, западниот крај на Долните Севиџови Острови, долж крајбрежјето, па до југозападниот крај, а оттаму линија низ западниот крај на островот Резолушн, преку југозападниот брег, па до ‘ртот Хатон (јужниот крај), па оттука линија до ‘ртот Чидли, Лабрадор (60°24′N 64°26′W)].

Remove ads

Геологија

Thumb
Крајбрежјето на Дејвисовиот Проток во западен Гренланд

Прптокот има сложени геолошки особености грабени (басени) и сртови, веројатно созададени со ударното раседнување за време на палеогенот (пред 45-62 милиони години). Ова раседнување предизвикало придвижување на плочите во Лабрадорското Море и Бафиновиот Залив. Затоа, ова е најширокиот проток на светот.

Длабочина

Длабочината на протокот се движи од 1000-2000 м, и со тоа е значително поплиток од Лабрадорското Море на југ и Бафновиот Залив на север.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads