Бафинова Земја

остров во Канада From Wikipedia, the free encyclopedia

Бафинова Земја
Remove ads

Бафинова Земја или Бафинов Остров е еден од арктичките острови од Арктичкиот Архипелаг во северна Канада и припаѓа на сојузната територија Нунавут. Со површина од 507,451 км2, тој е најголемиот канадски остров и петти по големина во светот, но поради ладната клима има население од 13.039[1] жители, претежно Инуити. Островот е крстен по името на британскиот истражувач Вилијам Бафин,[2] а некогаш Нордијците го викале Хелуланд.[3]

Кратки факти Познат и како ᕿᑭᖅᑖᓗᒃ (Qikiqtaaluk), Географија ...

Најголемото населено место на островот е главниот град на Нунавут - Иквалуит, кој е сместен на неговиот јужен брег, кај Фробишеровиот Залив. Според пописот од 2001 година, ова гратче имало 5,236 жители. Други поголеми населени места се Пангниртунг со 1,243 жители, Понд Инлет со 1,220 жители, Клајд Ривер, Арктик Беј итн.

Јужно од островот се наоѓа Хадсоновиот Премин и копното Квебек.[4] На исток е Бафиновиот залив[5] и Девисовиот Премин[6] позади кои е сместен Гренланд,[4] а на запад и север е Фоксовиот Залив, заливот Бутија и Ланкастеровиот Залив, кои ја делат Бафинова Земја од останатиот дел од архипелагот.

На Бафинова Земја е честа појавата на поларен ден (во лето) или поларна ноќ (во зима). Од животните, најзастапени се арктичките ѕверови и белите китови.

Remove ads

Географија

Бафиновите Планини се протегаат долж североисточниот брег на островот и се дел од Арктичките Кордиљери. Највисок врв е Один, со надморска височина од 2 143 м., или 2 147 метри според други извори.[7] Двете најголеми езера на островот се наоѓаат во средината на јужниот дел од островот: Нетилинг (5 542 km2) и езерото Амаџуак (3 115 km2 ).[8][9]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads