Диазепам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Диазепамот (Валиум, Бенседин, Диазепамум, Seduxenum, Relanium, Sibazonum)[3] спаѓа во групата на бензодиазепини (во почетокот произведуван под трговскиот назив Валиум) и претставува седатив, релаксант на мускулите, хипнотик и антиконвулзант, дејствува против анксиозност и емоционална нелагодност.[4]
Во 2024, е трет најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 1,3 милиони рецепти.[5] Диазепамот според Светската здравствена организација се смета за неопходно лекарство.
Remove ads
Изглед
Бенседин таблетите можат да бидат од 2, 5 и 10 милиграми. Од 2 и 10 се со жолтобела боја, а од 5 исто така се со жолтобела боја само што имаат назначена црта на едната страна.[6][7]
Начин на дејствување
Диазепамот ја зголемува активноста на GABA рецепторите кои имаат инхибиторни својства. Диазепамот ги блокира т.е. инхибира ексцитациите од емоционалната сфера на мозокот.
Бенсединот е лек првенствено наменет за лекување на анксиозните нарушувања, тој го намалува чувството на страв и напнатост, делува антиколвузивно и доведува до релаксација на мускулите.
Несакани ефекти
При користењето на дизаепам можни се несакани ефекти како: заматен вид, хипотензија, диплопија, нејасен говор, неможност да се задржи урината, запек, а возможна е и агресија и возбуда, и поретко транзисторна левкопенија. Можно е да се појави депресија како недијагностицирано заболување, посебно при употреба на високи дози и труење со диазепам. Кај постарите луѓе, иако поретко, може да се појави апнеја и запирање на дишењето.
Дозирање
![]() | Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
2-10 мг два до четири пати на ден, во зависност од болеста. За стари и луѓе во лоша состојба почетната доза е 2 мг. За деца 2-4 мг, при што количината на примање се разделува на неколкупати.
Историја
Диазепамот е вториот бензодиазепин откриен од Д-р Лео Стернбах додека работел во „Рош“, по хлордиазепоксид (Либриум), кој бил одобрен за употреба во 1960 година. Ставен на пазарот во 1963 како подобрена верзија на Либриум, диазепамот станал неверојатно популарен, со чија помош Рош станал фармацевтски индустриски гигант.
Надворешни врски
- Диазепам, Алкалоид АД - Скопје Архивирано на 4 март 2016 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads